Тип на донација
Сума

или

specijalist za monitoring

27 јануари 2022

Специјалист за мониторинг и евалуација | СОС Детско село

СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

 

СОС Детско село објавува слободна позиција за 1 работно место:

 

Специјалист за мониторинг и евалуација и јавно финансирање (m/f)

 

Опис на работното место:

 

Специјалистот воспоставува мерки за собирање и анализа на информации за перформансите на проектите и услугите. Воспоставува мерки за планирање и управување со евалуации и помага на раководството во користењето на информациите за успешно донесување на одлуки и распределба на ресурсите. Идентификува можности за пристап до јавни фондови во државата и странство, во области блиски до програмските активности на СОС Детско село и го води процесот на изработка на проекти и учествува во воспоставување на проекти.

Ги почитува сите важечки стандарди, водичи, политики и правилници на СОС Детски Села Интернационал и СОС Детско Село, со особен осврт на политиката за заштита на деца.

 

Клучни области на работа и главни одговорности:

 

  • Воспоставува и спроведува систем за мониторинг и евалуација на ниво на проекти, услуги и организациско ниво;
  • Воведува, следи и го проценува квалитетот на спроведувањето на политиките, стандардите, методологиите за работа, во областа на мониторингот и евалуацијата и финансирањето од јавни фондови;
  • Обезбедува насоки и поддршка во процесот на дизајнирање, управување и подобрување на практиките, процесите и системите за MиE.
  • Обезбедува поддршка за обработка и анализа на податоци и формулира заклучоци и препораки за донесување организациски одлуки.
  • Го следи целиот процес на спроведување на грантот и проверува дали имплементацијата е во согласност со барањата на донатор.
  • Гради капацитети на клучни соработници во областа на менаџирање на проектен циклус, финансирање од јавни фондови.
  • Ги прегледува релевантните можности за грантови (дадени од страна на институционалните донатори) и ги поврзува со потребите на СОС Детско село
  • Го управува процесот на подготовка на проект и доставување до релевантни даватели на грантови во согласност со барањата на донаторот и СОС стандардите и политиките
  • Директно е вклучен во сите фази од менаџирањето на проектите од идентификација до евалуација
  • Го следи процесот на употреба на грантот, во смисла на мониторинг, известување и евалуација, и проверува дали овие процеси се во согласност со барањата на институционалниот донатор
  • Гради и одржува мрежа со соработници, организации и институции, во правец на воспоставување на долготрајни партнерства за проекти од јавни фондови
  • Учествува во настани и активности на локално и меѓународно ниво
  • Ги следи и се придржува до стандардите и политиките на организацијата со особен осврт на политиката за заштита на деца.

 

Потребни квалификации и дополнителни критериуми:

 

  • Завршено високо образование од областа на општествени, психо-социјални и образовни науки
  • Најмалку 3 години во областа на социјалната заштита, детски права, развој на граѓанско општество
  • Добро познавање на детските права и законска регулатива поврзана со социјален развој и социјална заштита,
  • Работно искуство во управување со проекти, планирање, следење и евалуација
  • Претходно искуство со граѓански организации
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија предност
  • Вештини и знаење за работа со компјутерски апликации (Windows, MS Office).
  • Способност за тимско работење
  • Силни комуникациски вештини
  • Организациски и вештини за планирање
  • Способност да се справува во работа под притисок
  • Вештини за преговарање
  • Способност за контрола на квалитетот на процесите
  • Добри комуникациски и организациски вештини
  • Подготовка на извештаи и финансиска писменост

 

Работни услови:

 

  • Работна позиција на неопределено време (првичен договор на определено време од 12 месеци)
  • Локација на работното место, општина Центар
  • Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)

 

Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 06.02.2022 на е-маил: kariera@sos.org.mk. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.