21 мај 2024
Во периодот октомври 2023 до март 2024 година, во рамки на двете Советувалишта на СОС Детско село, вкупно 18 семејства поточно 25 родители и 30 деца беа активни учесници на 3 циклуси на советувања за „Јакнење на семејства“.
Овие советувања се особенo важни за семејствата во ризик. Тука развиваме позитивно родителско знаење и вештини за разрешување на проблематичните ситуации и предизвиците со кои за жал семејствата секојдневно се соочуваат.
Создавањето на позитивни семејни услови во текот на растењето и развојот на детето се најзначајни фактори во спречување на раздвојување на децата од биолошкото семејство.
Во текот на сесиите сите почувствувавме различни емоции – радост, тага, збунетост и слично. Но, на последната сесија бевме позитивно изненадени од изјавите на родителите и децата.
Ви споделуваме дел од изјавите на родителите:
„Да не се менува ништо. Да си останат четиринаесет советувања, да не се намалуваат. Кога бев нервозна, многу ми помагаше да доаѓам во советувалиштето. Сега многу помалку се караме со ќерките и имаме разбирање“.
„Ништо не би променила. Се ми беше океј, многу се чувствував добро. Мислам дека беа добри советите, ќе ги паметам секогаш. Добивме совети за целото Семејство“.
„Добри беа советувањата на Тања, Кате и Андријана, за доброто на моите деца. Како второ сакам да им се заблагодарам на тимот од СОС Детско Село, Ве сакам“.
„Ми се допадна мене што ни објаснуваа, како да бидеме добри родители и како да пристапиме со нашите деца. Многу сум задоволна“.
„Најмногу ми се допаднаа насоките и упатствата кои ги научив и ги давам на децата да ме послушаат“.
„Ништо не би променила, многу ми помогна програмата. Во програмата се е супер, нека остане така. Многу сум задоволна, многу ми се допадна. Многу ми помогна дадената поддршка и советите“.
„Советувањата се многу корисни за нас родителите. Најмногу научив знаења за децата, како да ги однесеме на прав пат и да бидат хумани“.
И децата:
„Најмногу ми се допадна друштвото и наставничката Даниела. Таа ни објаснуваше да се однесуваме добро“.
„Се треба да остане како што е. Кога се дружев со децата во советувалиштето, бев многу среќна“.
„Убаво е што беше топло, имаше ужинка и го запознав Билал“.
„Учевме за Детски права и цртавме“.
„Задоволни сме многу. Учевме за штетноста од дрогата и за марихуана. Бевме среќни и задоволни сме за се, и среќни не направија СОС Детско село“.
„Не би променил ништо. Добро е како што е. Научивме за љубовта и врските. Многу сум среќна“.
Назад кон сите новости