Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Советник за интервентна поддршка во СОС Детско село Интернационал

СОС Детски села Интернационал е чадор-организација за над 130 здруженија СОС Детско село насекаде низ светот. Како невладина организација за социјален развој, работиме во областа на алтернативната грижа за деца и превенција на одделувањето на децата од нивните семејства. За Регионалната канцеларија ЦИЕ/ЗНД бараме посветен

Советник за интервентна поддршка (ж/м)

Скопје, Република Македонија

Задачи и одговорности:

• Давање стручни совети на регионалното раководство, клучните чинители во Асоцијациите-членки и Федерацијата;

• Планирање и мониторинг на програмите за интервентна поддршка;

• Мониторирање заедно со Асоцијациите-членки и со помош на системите за рано предупредување за потенцијалните хуманитарни кризи во регионот, со кои се внесуваат информации и согледување во глобалниот систем за алармирање;

• Давање насоки и обуки за колегите од Асоцијациите-членки во однос на секој аспект од имплементацијата на програмите за интервентна поддршка;

• Советување на Асоцијациите-членки и колегите од регионот и проверка на стандардните документи за интервентна поддршка (Хуманитарен апел, Формулар за реагирање во кризи, проектна документација) во соработка со релевантните колеги од регионот;

• Поддршка на Асоцијациите-членки при планирање на проекти за интервентна поддршка, вклучително и давање на техничка и практична поддршка при фазите на имплементација и евалуација во рамките на соодветниот проект за интервентна поддршка;

• Активна соработка и споделување информации со Глобалната мрежа за интервентна поддршка (GER);

• Вршење проценка на потребите од градење на капацитетите на теренскиот персонал и согласно тоа, координирање на обуките и мерките за градење на капацитетите, заедно со регионалниот тим за човечки ресурси и организациски развој и Одделот за човечки ресурси при Асоцијацијата-членка.

Потребни квалификации:

• Магистратура во справување со катастрофи, хуманитарни кризи или друга поврзана област;

• Најмалку пет години искуство во контекст на хуманитарна помош и/или работа во областа на справување со катастрофи со фокус на чувствителност на конфликти, пост-конфликтен развој и миграциски кризи;

• Најмалку три години искуство релевантно за управување со проектен циклус, вклучувајќи и проектно планирање, буџетирање, мониторинг и известување;

• Докажано критичко размислување, стратешко планирање, мониторирање на учинок и познавање на техничките аспекти на управувањето и активностите во проектите за интервентна поддршка;

• Докажана стручност во однос на употребата и контекстуализацијата на хуманитарните стандарди и принципи како што се “The Sphere”, Минималните стандарди за заштита на децата, Насоки и стандарди за управување со добиток во услови на криза (LEGS), Меѓу агенциска мрежа за едукација во услови на криза (INEE) итн.;

• Волја и способност за посветување на 30% од работното време на меѓународни патувања, често во земји во кои има кризи, како и патување во краток рок по известување;

• Високо ниво на компјутерска писменост;

• Солидно познавање на англискиот јазик, додека познавање на руски или кој било друг јазик во регионот се смета за предност.

Нудиме:

• Работа за кауза од големо значење;

• Широка палета интересни задачи во мултикултурна работна средина во една од водечките меѓународни НВО;

• Можности за понатамошна обука и развој.

Доколку сте заинтересирани за оваа работна позиција, Ве молиме испратете го вашето CV и мотивациско писмо на англиски јазик, најдоцна до 20 јануари 2017 година на: eucbjobs@sos-kd.org

СОС Детски села Интернационал, Човечки ресурси и организациски развој, Виена, Австрија www.sos-childrensvillages.org/