6 ноември 2018
Од 26ти до 30ти Март на САЕМОТ ЗА МЕБЕЛ 2013, СОС ДЕТСКО СЕЛО постави свој штанд на кој може да се набават влезници за посета на САЕМОТ ЗА МЕБЕЛ во висина од 100 денари ( со иста цена како на билетарницата на Скопски Саем). Истотака на штандот на СОС ДЕТСКО СЕЛО можете да се освежите со вода, сок или кафе по симболична цена. Денес на првиот ден од отворањето на Саемот за мебел, штандот го посети Градоначалникот на Скопје, Г-динот Коце Трајановски.
Сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на едукативните активности на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО.
Затоа ги повикуваме сите кои сакаат да го посетат Саемот за Мебел а истотака и да ја помогнат нашата организација, да набават влезници од штандот на СОС ДЕТСКО СЕЛО поставен пред влезот на првата хала. Секоја донација претставува значаен придонес и е од голема важност за подобрување на квалитетот на живеење на децата без родители и родителска грижа згрижени во СОС ДЕТСКОТО СЕЛО.
ВО СОС ДЕТСКОТО СЕЛО СЕ ЗГРИЖЕНИ 90 ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА А 300 ДЕЦА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК СЕКОЈДНЕВНО ИМААТ ПОТРЕБА ОД НАШАТА ПОМОШ И ПОДДРШКА!
Назад кон сите новости