Тип на донација
Сума

или

СОС Детско село: Втора PRIDE конференција и сертификати

6 ноември 2018

СОС Детско село: Втора PRIDE конференција и сертификати

СОС Детско село Македонија и Министерството за труд и социјална политика на 16 декември ја организираа втората PRIDE конференција во Музејот на македонската борба во Скопје чија цел беше подетално да се промовираат резултатите од досегашната имплементација на PRIDE програмата.

 

На конференцијата свои воведни обраќања имаа г-а Јулијана Гапо, Национален директор на СОС Детско село Македонија, г. Диме Спасов, Министер за труд и социјална политика, Г. Rob van Pagee, Главен обучувач, Фондација Op Kleine Schaal од Холандија и Г. Марио Јанчев, Директор за развој, СОС Детско село Македонија.
Прва на присутните им се обрати г-а Гапо која даде краток осврт на PRIDE програмата, односно методологијата која што овозможува модел за развој и поддршка на згрижувачки семејства и г. Спасов, кој ја истакна поддршката што владата ја даде за спроведувањето на овој проект, но исто така ги промовираше владините марки за поддршка на деца и млади без родители и родителска грижа.

 

Г. van Pagee даде пошироки појаснувања за самата програма и истакна дека е горд што за толку кратко време во Македонија се постигнаа одлични резултати. Последен се обрати г. Јанчев, кој ги запозна пристуните со текот на спроведувањето на проектот, обуките кои што беа испорачани за 22 идни обучувачи, обуките за 45 постоечки згрижувачки семејства, како и обуките за 17 потенцијални згрижувачки семејства од град Скопје. Исто така, г. Јанчев ги претстави резултатите од програмата и ги претстави препораките кои произлегоа од целиот процес, кои ќе бидат доставени до Министерот Спасов.

 

Во понатамошниот дел на конференцијата им беа доделени сертификати за 22 идни обучувачи кои доаѓаат од Центрите за социјална работа, Заводот за социјални дејности, СОС Детско село Македонија и двајца згрижувачи, на 45 постоечки згрижувачки семејства, како и на 17 потенцијални згрижувачки семејства од град Скопје со што веруваме ќе се подигнат квалитетот и стандардите за згрижување на децата без родители и родителска грижа.