Тип на донација
Сума

или

rezolucija za prava na deteto

25 ноември 2018

СОС Детско село: Резолуција за права на детето 2019

Њујорк, ноември, 2018 – Новоизбраната тема за Резолуцијата на ОН за „Правата на детето“ за 2019 година ќе обезбеди дека владите ќе се обврзат на подобрување на животот и остварување на правата на милиони деца кои ја загубиле родителската грижа.

Во вторникот, Генералното собрание на Обединетите нации (ООН) ја избра својата тема за резолуцијата за „Права на детето“ за 2019 година. За прв пат во историјата, ООН избра резолуција која во фокус ги има „децата без родителска грижа“. Резолуцијата ќе биде поднесена на Генералното собрание на ОН во 2019 година.

СОС Детски села Интернационал (СОС ДСИ) ја поздравуват оваа одлука на земјите-членки на ОН и ќе ја понудат својата 70 годишна експертиза и знаење како поддршка во преговорите и напорите да се осигура дека правата на овие деца се потврдени и исполнети. СОС ДСИ, преку својата советодавна и експертска улога во различни меѓународни форуми, работи да обезбеди дека меѓународната заедница е обврзана кон и свесна за децата без родителска грижа, со цел зајакнување на законите кои ќе ги штитат децата и идните генерации, со што ќе се постигне одржлив пристап кон заштитата на деца.

СОС ДСИ работеше во партнерство со коалиција од 80 невладини организации за да се изрази поддршката за владите кои ја предложија оваа тема за Резолуцијата за „Правата на детето“ за 2019 година.

„Ние сме привилегирани што соработуваме со многу посветени колеги од целата заедница за правата на децата за да го свртиме глобалното внимание на ситуацијата на децата без родителска грижа. Како практичари во повеќе од 130 земји, знаеме дека таквиот фокус е потребен за да ги загарантира правата на децата на квалитетна грижа што ги задоволува на индивидуално ниво нивните најдобри интереси “, изјави претседателот на СОС Детски села, Сидарта Каул.

ОН резолуција
ОН резолуција

Соопштението оваа недела претставува прв чекор кон усвојување на резолуцијата на Генералното собрание на ОН во 2019 година. Откако ќе биде усвоена, иако како „мек закон“ и правно необврзувачка, оваа резолуција може да стане меѓународно признаена водилка за државите и засегнатите чинители за заштита на правата на децата без родителска грижа или во ризик од губење на грижата од своите родители.

Поздравувајќи ја оваа историска пресвртница, Норберт Медер, извршен директор на СОС ДСИ, додаде: „Ако глобалната заедница е вистински посветена да обезбеди дека никој нема да заостане во светскиот напредок кон исполнување на Целите за Одржлив Развој, тогаш нашите напори за помош мора да бидат фокусирани кон најранливите меѓу нас, децата и младите без родителска грижа. Откако ќе биде усвоена, оваа резолуција ќе ги одразува обврските на владите ширум светот во исполнување на правата на децата и младите на квалитетна грижа во нивните семејства и во алтернативната грижа“.

Резолуцијата им нуди на земјите-членки можност за иницирање, понатамошно регулирање и подобрување на политиките за грижа на децата, кои се развиваат и спроведуваат низ целиот свет на уреден, долгорочен и сеопфатен начин. Како бенефит од резолуцијата, најдобриот интерес на детето и одредбите од Упатствата за Алтернативна грижа на децата на ОН, ќе бидат во суштината на секој чекор од процесот.

Во текот на 2019 година, во која исто така се одбележува и десетгодишнината од Упатството на ОН за алтернативна грижа на деца, СОС Детски села Интернационал, исто така, ќе работи во партнерство со други организации, во заедницата за грижа, УНИЦЕФ и други засегнати страни, со цел да се подигне свеста за најдобрите практики во спроведувањето на Упатствата, како и во идентификување на главните предизвици. Целта на СОС ДСИ е да ги поддржи и да ги советува земјите-членки во развојот на политиките, за да се спречи непотребното раздвојување на семејството и да се осигура дека постојат сеопфатни системи за грижа за деца со соодветни и индивидуално адаптирани решенија за децата сместени во алтернативна грижа.

Новоизбраната тема за резолуцијата за „Права на детето“  на Обединетите Нации за 2019 година,  ќе даде насоки за сите организации и засегнати страни вклучени во грижата и заштитата на децата, за да се обединат и да работат на овие приоритети и да обезбедат секое дете ќе расте во грижливо семејство – бидејќи ниту едно дете не треба да расте само.