Ги зајакнуваме капацитетите на семејствата за квалитетна грижа и заштита на своите деца и пружаме интервентна поддршка за децата и родителите во криза

Ги зајакнуваме капацитетите на семејствата за квалитетна грижа и заштита на своите деца и пружаме интервентна поддршка..

Програма за Социјална превенција

 

Од 2007 година СОС Детско село Македонија овозможува поддршка на деца кои се во ризик да ја изгубат грижата од своите биолошки семејства кои живеат во социјален ризик. Програмата за зајакнување на семејства се реализира преку- „Советодавни центри за родители и деца“ кои функционираат во општините Шуто Оризари и Гази Баба.

Целта на советодавните центри е да ги зајакнат капацитетите на семејствата за квалитетна грижа и заштита на своите деца и да пружаат интервентна поддршка за децата и родителите во криза.

За постигнување на целта, работиме на:

  1. Олеснување на пристапот до правата на децата за опстанок и развој, заштита и учество. Ова вклучува едукативна поддршка, поддршка во храна, осигурување на нивното физичко, психо-социјално и емоционално здравје и унапредување на животните услови.
  2. Зајакнување на родителските капацитети за заштита и грижа за деца. Ова вклучува развивање на родителски вештини и знаење, осигурување за постоење на стабилен извор на ресурси кои ќе ги обезбедат развојните потреби на нивните деца сега и во иднина, и осигурување за ефикасно располагање со своите ресурси. Со овие услуги, децата се поддржани преку нивните семејства.
  3. Влијаеме на системите за поддршка на ранливите деца и нивните семејства во заедницата. Поддршка се дава на членовите на заедницата (релевантни даватели на услуги или други заинтересирани членови на заедницата) да се самоорганизираат и бидат во можност да развијат и одржат сопствени решенија за потребите на ранливите деца и семејства. Со овие услуги, децата се поддржани преку нивните заедници.

Предуслов за ефикасна поддршката на децата и нивните семејства се партнерите и соработниците на нашата организација, а пред сè Центрите за социјална работа и општините, со чија помош се заокружува процесот на поддршка на семејствата во ризик. Досега, преку оваа програма имаме поддржано повеќе од 240 семејства и 770 деца.

 

Контактирајте нè:

СОВЕТОДАВЕН ЦЕНТАР ЗА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА 

ШУТО ОРИЗАРИ 

ул. Индира Ганди 

бр.29 локал, 1000 Скопје 

тел. +389(0)2 2651 653 

 

РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ЗА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА 

ГАЗИ БАБА 

Ул. Палмиро Тољати бб, 1000 Скопје 

Градинка 25 Мај-Клон Искра 

тел. +389(0)2 2533 828