1 септември 2024
Кога Семра и нејзиниот сопруг за прв пат дојдоа во Советувалиштето на СОС Детско село, се чувствуваа изгубено и беспомошно. Млади родители на четири деца, со само еден стабилен приход и секојдневна “борба“ за да им се обезбеди се на своите малечки.
Животот за младата Семра не беше лесен. Носејќи го товарот од детството поминато како дете без родителска грижа, таа се уште се бореше со сопствената несигурност прашувајќи се постојано дали е доволно добра мајка за своите деца.
Но, еден ден, кога во неврзан разговор со својата пријателка дозна за Советувалиштето на СОС Детско село, се разбуди надежта. Со силна тежина во срцето, но решена да направи промена, заедно со сопругот побараa помош.
За многу кратко време младите родители започнаа со групни советувања за позитивно родителство. Полека почнаа да ги учат основите за тоа како да се биде стабилен и поддржувачки столб за своето семејство.
“Семра на почетокот беше повлечена и срамежлива, но секоја сесија се повеќе и повеќе стекнуваше доверба, градејќи ја сопствената самодоверба како мајка, но и како личност.“ – велат од Советувалиштето. Паралелно, и нејзините две постари деца учествуваа во програмите за зајакнување на социјалните вештини, учејќи како да комуницираат и да се справуваат со секојдневните предизвици.
Советувалиштето не беше само место за поддршка, туку место каде што семејството повторно пронајде надеж и сила. Семра, која некогаш не можеше да си го замисли животот надвор од домашните обврски, сега успеа да најде работа. Со стабилен приход и зајакната самодоверба, таа и нејзиниот сопруг сега можат да им понудат на своите деца подобар живот и посигурна иднина.
„Благодарна сум за новата шанса која Советувалиштето ми ја подари, сега знам дека сум доволно добра за моите деца.“ рече Семра низ насмевка.
Во 2024 година, Советувалиштето на СОС Детско село ги надмина своите планови, постигнувајќи извонредни резултати:
Овие бројки се доказ за посветеноста и влијанието на СОС Детско село кон превенција на одвојување на децата од своите биолошки семејства. Бидејќи силни семејства = силни деца.
*Името и фотографиите се променети заради заштита на личните податоци.
Назад кон сите новости