Тип на донација
Сума

или

amir sos detsko selo

17 октомври 2020

Секое дете има право на образование

Амир не оди во училиште. Неговото семејство нема компјутер, смартфон, ни пристап до интернет. Поради тоа, момчето е исфрлено од образовниот систем.

 

Амир и неговото семејство станаа дел од програмата за зајакнување на семејство на СОС Детско село кон крајот на 2017 година. „Нашата интервенција започна со обезбедување на основните потреби“, објаснува Катерина Арсовска, психолог на програмата. Потоа, СОС Детско село обезбеди  градежен материјал и ја претвори нивната куќа во пристоен дом, а преку програмата за вработување, таткото на Амир најде работа.

amir sos detsko selo

Кога конечно успеаја да го подобрат нивниот живот, почна пандемијата. Таткото на Амир ја изгуби работата и семејството остана без приходи. „Ова семејство има потенцијал и тоа влева надеж за подобар живот “, вели Катерина Арсовска. „Сепак, нашите сегашни ресурси не се доволни. Ни треба помош за да помогнеме на повеќе семејства и на повеќе деца“.

Програмата за зајакнување на семејства на СОС Детско село до сега има помогнато на 311 семејства во ризик со вкупно 906 деца.