Тип на донација
Сума

или

herman gmajner birthday

6 ноември 2018

Прослава на роденденот на Херман Гмајнер во СОС Детско село

На 23ти јуни во СОС Детското село како и секоја година традиционално се прослави роденденот на Херман Гмајнер (1919-1986) основачот на СОС Детските села. Херман Гмајнер со 600 австриски шилинзи (околу 40 долари) инспириран и мотивиран од неговата верба дека „секое дете има апсолутно право да се чувствува безбедно и сакано без разлика каде е и од каде потекнува“ го основал првото СОС Детско село во 1949 година во местото Имст Австрија кое функционира и ден денес.

На истото место по негово барање Херман Гмајнер е погребан во 1986 година. По повод прославата децата и вработените од СОС Детско село подготвија свечена приредба со рецитали и музички точки од страна на бендот кој го сочинуваат младинците од СОС Младинската заедница. На овој настан гостуваа повеќе соработници, поддржувачи и пријатели на СОС Детско село кои имаа можност да се дружат со децата и заедно со нив да учествуваат во уметничкото катче во кое се боеа и декорираа пеперутки, птици и срценца изработени од глина.

Денес интернационалната СОС организација преку своите програми згрижува голем број на деца во 132 земји ширум светот.