6 ноември 2018
Од, 15 до 17 февруари, во организација на Скијачкиот Центар `Заре Лазаревски ` од Маврово се одржа 11тиот Хуманитарен Аматерски Велеслалом во Маврово. Оваа година собраните средства од котизацијата за учество беа наменети за поддршка на децата и младинците од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО. Благодарение на добрата организација од страна на Скијачкиот Центар `Заре Лазаревски ` оваа година се пријавија повеќе од 35 компании и индивидуалци и имаше вкупно 180 натпреварувачи со што се обезбеди и рекордна сума на средства од сите досега изминати години, во висина од над 10.000 евра.
Со потпишување на Меморандумот, се официјализира постапното финансирање на децата згрижени во СОС семејства во рамките на СОС Детското Село согласно законските прописи и надоместоци предвидени за згрижувачките семејства кои се во рамките на државниот згрижувачки систем.
Средствата ќе бидат наменети за подмирување на приоритетни потреби на децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО, како што се
обезбедување на гас за греење за зимската сезона на СОС Семејните куќи, покривање на медицински трошоци за одреден број на
деца кои имаат потреба од континуирана медицинска терапија и набавка на апарати за домаќинство за СОС семејните куќи во
кои што живеат од 5 до 7 деца без родители и родителска грижа.
Освен хуманитарниот и забавниот карактер, овој настан имаше и натпреварувачки карактер при што се натпреваруваа екипи од
машка и женска категорија, категорија ветерани и тимска категорија. Натреварувачите освен својата хуманост на овој настан
го покажаа и својот спортски дух и со вистински жар се бореа за освојување на медали за прво, второ и трето место. Од
организаторот беа доделени медалите а потоа и пехарите за екипните победници. Во екипнниот натпревар првото место
заслежено го добија натпреварувачите од Спортската академија од Маврово, второто место го завзема тимот од компанијата
Виста а третото место компанијата Т-Мобиле.
На настанот, од името на организацијата СОС ДЕТСКО СЕЛО Македонија, Националниот Директор,Г-ѓа Јулијана Гапо, му врачи
благодарница на организаторот, Г-нот Огнен Циговски, а на екипните победници цртежи направени од најмалите дечиња во СОС
ДЕТСКОТО СЕЛО. На самиот настан присуствуваа и дел од нашите младинци кои имаа можност да се забавуваат, да скијаат и да
се дружат со натпреварувачите и другите гости кои присуствуваа на овој хуманитарен хепенинг.
Назад кон сите новости