Тип на донација
Сума

или

deca od sos detsko selo

25 јануари 2021

Растеме заедно како родители, но и како семејство

Дијана го добила синот на 16 години. Да се ​​биде мајка тинејџерка не е воопшто лесно. Односот со нејзиниот сопруг се влошил, а без помошта од мајка и, таа сигурно не би можела да го заврши ниту училиштето.

Денес, Дијана е професионална козметичарка. За да ги оствари своите планови и да му обезбеди  подобар дом и иднина на нејзиниот син, Дијана и нејзиниот сопруг се вклучија во Програмата за зајакнување на семејството на СОС Детско село.

Како мајка тинејџерка, Дијана морала да се соочи со многу предизвици. „Имав син на 16 години “, вели Дијана. „Моите соученици ме исмеваа, лошо се однесуваа кон мене и тоа влијаеше на мојата самодоверба“.

deca od sos detsko selo

Благодарение на нејзината мајка која најмногу и помагала околу синот, Дијана можела да продолжи да учи. „ Ми помагаше преку ден, а попладне и навечер јас се грижев за своето дете“, вели таа. Дијана морала да станува во 5 часот секое утро за да подготви храна за детето и да стигне на време на училиште.

За Програмата за зајакнување на семејство на СОС Детско село, Дијана дознала од нејзините соседи кои веќе неколку месеци биле вклучени во програмата. Решила да се приклучи, најпрво сама, а после 2 месеци почнале да ја посетуваат заедно со нејзиниот сопруг.

Дино, сопругот на Дијана, вели дека поддршката што ја добил му помогнала да стане подобар татко. „Претходно, мојот однос кон синот беше поинаков, бев импулсивен, себичен, незрел. Постепено, како што јас се менував, почнував да ја чувствувам неговата наклонетост. Сега тој е толку приврзан за мене, што не ме пушта да излезам од дома. “- вели тој со насмевка на лицето.

deca od sos detsko selo

Со помош на стручниот тим од Програмата кој ги поддржувал во текот на целиот процес, Дијана и нејзиниот сопруг сфатиле колку е голема улогата на нивниот личен развој за развојот на нивното дете. „Пораснавме како родители, но и како семејство “– вели Дијана.

 

*Имињата и фотографиите се променети заради заштита на личните податоци