Тип на донација
Сума

или

obuka sos

30 мај 2019

Работна средба на Платформа за унапредување на состојбата на деца и семејства во социјален ризик од општина Гази Баба

На 23 Мај 2019 година, во Ресурсниот центар за родители и деца Гази Баба, се одржа работна средба на претставниците на Платформата за унапредување на состојбата на децата и нивните семејства во социјален ризик на територија на општина Гази Баба. Платформата претставува неформална мрежа сочинета од претставници од различните сектори на дејствување во локалната заедница (Општината, Училиштата, Градинките, Здравствени институции, Меѓуопштински Центар за социјална работа на град Скопје, Установи од социјалната заштита, Невладини организации). Низ своите активности, оваа платформа цели да ја зајакне и унапреди соработка помеѓу чинителите во заедницата, со цел поефикасна поддршка на децата и семејствата во социјален ризик.

На средбата беа презентирани постигнатите резултати во 2018г. во различните програмски единици на СОС Детско Село. Исто така, беа споделени информации од страна на членовите за нови услуги и активности, во рамки на институциите од каде доаѓаат.Платформа за унапредување на состојбата

Преставниците од различните институции и организации заеднички заклучија дека е неопходно унапредување на меѓу-секторската соработка. Истакнати беа предизвиците и пречки во соработката и дадени беа предлози за унапредување на соработката. Следната средба ќе биде организирана со поголем број на претставници од клучните сектори на дејствување во локалната заедница со цел запознавање на членките на Платформата со полето и протоколите на делување на соодветните служби. Исто така се разговараше и за можноста за заедничка реализација на обуки на различни теми од интерес за децата и семејствата од социјален ризик.