Тип на донација
Сума

или

rabotna sredba

6 ноември 2018

Работна средба за споделување практики и иницијативи 2014

На 24 декември 2014 година, во просториите на Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба, се одржа работна средба со соработниците на Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба и претставниците на Платформата. Средбата беше со цел споделување на добри практики и позитивни искуства од заедничката соработка во текот на 2014 година и предлог иницијативи за 2015 година.

 

На работната средба присуствуваа 20 претставници од 11 институции и организации.

Од страна на претседавачот на Платформата г-а  Шумкоска, беше презентиран извештај за реализирани активности и иницијативи со соработниците за периодот јануари-декември 2014 година. Присутните, ја искажаа својата гордост и задоволство од постигнатите резултати на Платформата.

Исто така, беа дадени предлози за унапредување на соработката во 2015 година: (Едукативни работилници со родителите на децата кои посетуваат градинка; Бесплатна Правна помош и совети за семејствата во социјален ризик; Заеднички настани помеѓу СОС и учениците од локалните основни училишта; Подготовка на База на податоци за семејства во социјален ризик и мапирање на потребите на семејствата во социјален ризик; Воспоставување на соработка со други мрежи и платформи; Заедничко аплицирање на проекти; Размена на контакти помеѓу соработниците со краток опис со нивните ингеренции и услугите кои ги даваат; Мапирање на деца од 0 до 6 години, на територија на општина Гази Баба; Зајакнување на капацитетите на членките на Платформата; Да се зголеми бројот на членови на Платформата; Продолжување на соработката за проектот „Летна Приказна“ и опфаќање на поголем број на учесници; Организирање на заеднички настани и хуманитарни акции; Заеднички јавни трибини и дебати; Промоција на Платформата во заедницата;

Работната средба заврши со оптимизам за продолжување и збогатување на соработката во наредната 2015 година.