6 ноември 2018
Школата за трчање на Евроинс во неделата 29.03.3015та година го прослави својот прв роденден. Нешто повеќе од осумдет учесници- атлетичари, рекреатвци и млади од СОС Детско село Македонија, ја истрчаа патеката долга пет километри стартувајќи позади зградата на Влада до хотелот Александар Палас и назад. Воедно, тие преку партиципацијата коа изнесуваше 300 денари донираа средства за поддршка на работата на СОС детско село Македонија.
Во женска конкуренција победи Американката Кели Рап, која патеката долга 5 км на кејот на реката Вардар ја истрча за 22,40 минути. Втора беше Елисавета Нојковска, а трета заврши Ана Фантин.
Кај мажите најдобар беше Дарио Наумов, второто место му припадна на Остин Фаст од САД, а третото на Нуриамет Адил.
– Ваквите трки на „Евроинс-школата за трчање“ се дел од лигата во трчање што се состои од два дела и се организираат двапати месечно. Планираме роденденската хуманитарна трка да прерасне во традиционална и да се одржува секоја година – вели македонскиот шампион во полумаратон, Кокан Ајановски, основач на школата за трчање.
Назад кон сите новости