Тип на донација
Сума

или

proslava sos detsko selo 2013

6 ноември 2018

Прослава на денот на СОС Детското село во Ченто

На 26 Јуни 2013 со почеток во 11:00 во СОС Детското село во населбата Ченто, се одржа прослава на денот на СОС Детското  село. Како секоја претходна година, така и оваа беа поканети голем број на донатори, поддржувачи и соработници на СОС Детското село Скопје.

 

Прославата ја отвори Директорот на СОС Детското село, Г-ѓа Виолета Георгиевска, која се заблагодари на сите гости за нивното присуство, накратко осврнувајки се на сите изминати години труд и работа, вложување и напор на сите вработени и соработници за да биде СОС Детското село она што е денес. Меѓу присутните беа Министерот за труд и социјална политика, Г-динот Диме Спасов, Градоначалникот на општина Гази Баба, Г-динот Тони Трајковски, Амбасадорот на Р.Македонија во Р.Турција Г-динот Горан Тасковски и многу други кои добија благодарници за хуманоста и поддршката на децата од СОС Детското село. Свое обраќање имаше и младинката Силвана Ивановска, која е прв младинец на Магистарски студии и Претседател на клубот на млади на СОС Детско село Скопје, која се заблагодари на поддршката  која ја добивала како од тимот на СОС Детско село, така и од државата,Министерството за труд и социјална политика кое и обезбедило вработување и услови за дооформување на нејзиното образование.

Прославата ја збогатија дечињата со своја балетска точка и кратка престава, а промоција на својата прва песна имаше и младинецот Ангел. По завршување на официјалниот дел на прославата, гостите имаа можност да ги видат изложените дела на децата, цртежи и рачно декорирани вазнички како и да се освежат со мала закуска која беше приготвена од СОС Мајките.