Тип на донација
Сума

или

proslava na 100 godini chevrolet

6 ноември 2018

Прослава на 100 години Шевролет во СОС Детско Село

На 12.04.2011 СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА и ШЕВРОЛЕТ И АУТОМАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, заеднички  ја прославија 100 годишнината од постоењето на Шевролет, најголемиот бренд на групацијата General Motors. По повод овој јубилеј во СОС детското село беше организира голема роденденска забава на која за потребите на децата од СОС детско село беше донаран Автомобил Шевролет Круз како и ваучер за бесплатен сервис за првите 100.000 км од страна на овластниот дилер Аутомакедонија АД Скопје. .

 

Шевролет Круз и ги врачи на директорката на СОС Детско село Makeдонија Јулијана Гапо a претседателката на Управниот Одбор Владанка Давковска се заблагодари и им додели благодарници на донаторите за оваа значајна донација која ќе овозможи да се унареди квалитетот на живеење на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО.

Познатиот водител и актер Сашко Коцев ја имаше улогата на водител и беше главен координатор на  детските игри  и натпревари организирани по овој повод. Децата имаа можност да ги покажат своите способности во сликарска колонија во која цртаа автомобили, се сечеше и роденденската торта со сто свеќички, а најинтересна за нив беше играта со натпреварувачки карактер ,,Борба со Балони,,. Победникот, како и сите деца кои учествуваа во играта добија подароци. Настап имаа и каратистите на карате клубот кој е поддржан од АУТОМАКЕДОНИЈА кои подготвија специјален перформанс.

 

Роденденската забава ја разубави и настапот на бендот на младинците на СОС детско село на кои им се придружи и СОС Амбасадорот Ламбе Алабаковски и заедно со нив изведе неколку нумери меѓу кои и песната Биди Пријател наш, компонирана од Ламбе и Дарко Димитров за децата од СОС детското село.  Оваа донација претставува дел од глобалната акција на Шевролет со која означувајќи ја стогодишнината од своето постоење во акцијата “Wheels for kids” симболично ќе донира сто автомобили на  СОС детските села ширум континентот.