Тип на донација
Сума

или

Промотивна трибина „Ромски здравствен медијатор“

6 ноември 2018

Промотивна трибина „Ромски здравствен медијатор“

На 30 октомври 2014 година, во просториите на Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба, СОС Детско Село Македонија, беше одржана промотивна трибина – „Ромски здравствен Медијатор“. Трибината ја спроведе Асоцијација за здравствена едукација и истражувања-ХЕРА, во организација на домаќинот – Советодавен Центар за родители и деца Гази Баба.

 

Програмата „Ромски здравствени медијатори“ е имплементирана од страна на Министерство за здравство и ХЕРА, со финансиска поддршка од УНИЦЕФ, Фонд за население на обединетите нации- УНФПА и Фондација Отворено општество Македонија и има за цел надминување на бариерите во комуникацијата меѓу ромската популација и здравствените работници, олеснување на пристапот до здравствена заштита, социјалните и граѓанските права и подобрување на здравствениот статус на Ромите. На трибината учествуваа 18 претставници од граѓанските организации и јавните институции-членови на неформалната мрежа за унапредување на состојбата на децата во социјален ризик на територија на општина Гази Баба, со која претседава Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба.

Програмскиот координатор во ХЕРА, г-ѓа Мила Царовска, ја презентираше програмата „Ромски здравствени медијатори“, која од 2011 година се спроведува во повеќе општини низ Република Македонија. Оваа програма ќе биде спроведена и во општината Гази Баба. Од месец ноември 2014 година, ќе започне со работа новиот Ромски здравствен медијатор, кој ќе биде сместен во рамки на Здравствен Дом Гази Баба. Беше презентиран и описот и опсегот на работа на новиот ромскиот здравствен медијатор, како и неопходноста од соработката со локалните институции и невладините организации, со цел унапредување на квалитетот на социјалните сервиси насочени кон социјално исклучените лица во општина Гази Баба.

Присутните активно учествуваа во дискусијата, изнесувајќи предизвици и добри практики од работата со семејствата во социјален ризик. Според ставот на мнозинството, Ромскиот здравствен медијатор ќе биде добредојден член на неформалната мрежа/Платформата за унапредување на состојбата на децата во социјален ризик-Гази Баба.