Тип на донација
Сума

или

saso spirovski

6 ноември 2018

Прва брачна двојка згрижувачи во СОС Детско Село Македонија

СOС Детско село Макeдонија со поддршка на Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ја промовираше првата брачна двојка во СОС Детското село.

На 17.03.2012 во СОС Детското село во населбата Ченто беше промовирана првата брачна двојка згрижувачи во рамките на оваа установа за згрижување на деца без родители и родителска грижа. По тој повод  Министерот за Труд и Социјална Политика, Г-дин Спиро Ристовски го посети семејството и брачната двојка во рамките на СОС Детското село со цел поддршка и промоција на ваквата форма на грижа, базирана на семејство, која овозможува најсоодветен начин за грижа и поддршка на оваа најранлива група во општеството.

Очекувам дека овој позитивен пример ќе ги мотивира и другите во Република Македонија да се пријават и да станат згрижувачи во форма на брачен пар. Она што значи прикажување емотивност и грижа за децата и сензибилизација на јавноста затоа што само со такво општествено функционирање можеме да предизвикаме успех. -истакна Ристовски.

Оваа брачна двојка превзема грижа и обврска за 6 деца а воедно има и свое дете на возраст од 14 години. Ова семејство ќе добива и секојдневна помош и поддршка од стручниот тим на СОС Детското село, составен од еден социјален работник, двајца педагози и еден психолог.

Со поддршка на Министерството беше обезбедена и финансиска поддршка  од страна на компанијата ЕВРОИНС Осигурување, при што генералниот директор на компанијата г-ѓа Виолета Поп-Василева додели парична донација која ќе го покрие  семејниот буџет за едно дете во ова семејство, до крајот на годината. Ваквиот чин и хуманата иницијатива од страна на оваа компанија треба да претставува поттик и за другите компании и заедницата, да покажат општествена одговорност, но воедно и  поддршка за храбриот чекор на оние кои се подготвени да се посветат на оваа професија и да пружат љубов и грижа на овие деца на кои им е потребна здрава семејна средина, топол дом и чувство на сигурност.

Во моментов во Македонија се евидентирани 165 згрижувачки семејства во рамките на кои се згрижени 220 деца. СОС семејствата се разликуваат по тоа што грижата се одвива во рамките на СОС Детското село во куќа доделена од организацијата СОС Детското село Македонија, а лицето кое ја превзема обврската за 24 часовна грижа добива паричен надоместок и здравствено и пензиско осигурување.