Тип на донација
Сума

или

monika sos

4 април 2024

Мојата мајка е голема како планина!

Можете ли веднаш да кажете кој е вашиот најдобар пријател или кој ве сака безусловно без разлика на сè?

Многу веројатно е дека помисливте на вашата мајка, или татко, можеби брат или сестра…или едноставно на семејството! Тоа е симбол на безграничната љубов, доверба, поддршка и трпение, ќе се согласите нели?

Можеби сте немале можност да размислите колку сте среќни што сте пораснале во семејство, но за жал некои деца ја немале оваа можност од раѓање, овој подарок го добиле во СОС Детско село.

Прочитајте го писмото на Моника, таа пишува за мајката која не ја родила, туку ја сака со целото свое срце.
А потоа јавете се на оние кои ве сакаат и кажете им колку ви значат. И запомнете љубовта и насмевката можат да излечат сè, дури и скршеното срце.

Се викам Моника*, имам 19 години. Пораснав во СОС Детско село. Постарите велат дека детството е најубавиот период од животот. За мене не беше така. Моето детство беше исполнето со тага, страв и несигурност. Бев мало срамежливо слабичко девојче кое никогаш не се смее. Не знаев ни кога “треба“ да се насмевнам.

И потоа дојде таа прекрасна жена која никогаш не ја симнуваше насмевката од своето лице. Жена која дојде да ми го подобри животот, да сподели љубов, грижа и среќа со нас. Научив многу работи од нашата мама Снеже, а најважно е секогаш да носам насмевка на моето лице, во секоја ситуација.

Благодарна сум  за секоја насмевка, за секоја пофалба, за секој совет и за секој грам љубов што ми го даде.

Таа ме научи да се сакам себеси и да ценам се што правам. Често ми вели: „Моника душо, мора да знаеш дека секој труд што ќе го вложиш ќе биде награден, не е важно на кој начин.“ Мојата мама Снеже многу придонесе да бидам она што сум денес.

Кога знам дека ја имам мајка ми и моето семејство зад мене, можам се!

Други деца велат дека нивните татковци се всушност нивните планини. Јас немам татко, но затоа имам мајка, голема како планина и убава како градина полна со цвеќиња.

Ти благодарам!

 

 

* Името е променето поради заштита на личните податоци.