6 ноември 2018
СО „PRIDE” ПРОГАМАТА КОН ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО МАКЕДОНИЈА
На денешниот настан, организиран од СОС Детско село Македонија, присуствуваа Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика – Диме Спасов, како и претставници на сите соработници во оваа програма, а зедоа учество поголем број учесници во обуката. Настанот беше промоција на идните „PRIDE” обучувачи, а беа доделени сертификатите на потенцијалните згрижувачи кои учествуваа во обуките.
Целта на „PRIDE” програмата е да се зголеми квалитетот и достапноста на згрижувањето за децата без родителска грижа, нивна социјална инклузија и раст и развој во грижлива семејна средина каде се практикуваат детските права, како и да се унапредат капацитетите на професионалците и згрижувачите и да се зајакне нивната компетентност преку обуки и да се унапреди институционалната рамка за оперативна и ефикасна испорака на услуги.
„PRIDE” е програма применувана во светски рамки и е признаена методологија со која се унапредува поддршката и грижата за децата во згрижувачките семејства. Дизајнирана е да го зајакне квалитетот на грижата за децата во згрижувачкото семејство и да ги подобри услугите, со стандардизиран избор и подготовка на згрижувачи. Програмата, исто така, обезбедува стручно оспособување и професионален развој на згрижувачите, но и на сите вклучени во процесот на поддршка на згрижувачките семејства.
Назад кон сите новости