13 ноември 2020
Од 2016 година СОС Детско село активно работи на социо-економско зајакнување на млади во социјален ризик. Во моментов организацијата го спроведува регионалниот проект Зајакнување на младите преку нови можности, чија главна цел подобрени можности за вработување и активно учество на пазарот на труд на 1,600 млади во ризик во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија.
Во Македонија, работиме во Скопје, а дополнително на тоа поддржуваме 3 граѓански организации кои работат со млади во ризик во Тетово, Битола и Прилеп.
Една од активностите кои ние и нашите партнери ги работиме со младите е давање обуки за основни животни вештини и вештини за вработливост. Обуките се даваат според докажана методологија за работа со млади која е дизајнирана од страна на холандската мрежа на консултанти Афлатоун Интернационал. Методологијата содржи Програма зз обуки за основни животни вештини (11 модули), Програма за обуки за вработливост (12 модули) и Програма за коучинг.
За да го прошириме користењето на оваа методологија за работа со млади и во други делови од земјата и да им овозможиме и на други чинители да ја применат со цел успешна интеграција на млади на пазар на труд, СОС Детско село го објавува овој повик за учество на Обука за обучувачи.
Обуката за обучувачи ќе се одржи во Скопје од 02-05 декември 2020 година. Предвидена е работа во мала група, во амбиент во кој се обезбедени од наша страна сите мери за заштита од КОВИД-19, обезбедени се средства за дезинфекција, заштитни маски, физичка дистанца помеѓу учесниците. Сместувањето е во еднокреветни соби, во хотел во центар на градот. Сместувањето и оброците се покриени од страна на организаторот, како и патните трошоци.
Сите учесници ќе добијат материјали за работа и прирачници за обуката.
Од една организација може да се пријават најмногу 2 учесници, а организацијата и учесниците треба:
Краен рок за пријавување: 25 ноември 2020 година до 14:00 на е-маил адреса: Kornelija.cipuseva@sos.org.mk
Пријавата треба да содржи:
Информација дали вашето учество е прифатено ќе добиете до 27 ноември 2020 година
Назад кон сите новости