11 јануари 2019
Повик за консултантски услуги
СОС Детското село Македонија е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Со цел евалуација и проценка на влијанието кое го има направено проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик преку мерки за генерирање приходи“, огласува:
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ
- Да се процени влијанието и ефективноста на активностите спроведени во проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик преку мерки за генерирање приходи“.
- Да се процени релевантноста на интервенциите на проектот за соодветно одговарање на потребите и приоритетите на целната група.
- Да се оцени ефикасноста на проектот во однос на корисниците, трошоците и временската рамка на проектот.
- Да се документира/оцени и анализира напредокот што проектот го направил согласно индикаторите кои што се наоѓаат во проектната матрица
- Да се процени одржливоста на проектот (институционални, социјални, финансиски, итн)
- Да се дадат препораки за понатамошен развој на идните интервенции.
- Да се процени како целната група била вклучена во спроведувањето на проектот, процесот на индивидуално планирање и мониторинг.
- Карактеристики кои треба да ги поседува консулатнтот, правно или физичко лице кои ќе бидат вклучени во изработка на физибилити студија преку избраниот пунудувач:
- Докажана компетентност во мониторингот и евалуацијата, вклучувајќи оценка на влијанието или евалуација на проектот
- Професионално искуство од областа на социјалните науки
- Добри олеснувачки и интерперсонални вештини
- Докажано искуство во процеси на учество и методите за собирање податоци
- Силни вештини за координирање на тимска работа
- Силни аналитички вештини
- Одлични писмени комуникациски вештини
- Способност за трансфер на сложени концепти и идеи во практичен и едноставен јазик
- По можност искуство во организирање на истражувачки процеси со/за СОС Детско Село Македонија
- По можност искуство и кредибилитет во обезбедувањето услуги за евалуација на проекти финансирани од BMZ
- Успешно владеење на англиски јазик.
- Рок за спроведување на услугата e 04.2019 година.
- 30 дена за спроведување на евалуацијата (Март 2019);
- 15 дена за подготовка и испорака на конечен евалуациски извештај (15 Април 2019)
- Достава на задолжителна документација при аплицирање:
- Биографија на консултантот/ите или индивидуалното лице/а ангажирано/и од страна на консултантската куќа, во која ќе треба да бидат аргументирани карактеристиките кои се бараат од консултантот/ите;
- Методолошка рамка за спроведување на услугата;
- Оперативен план за спроведување на услугата;
- Референтна листа на слични задачи и контакти на клиенти;
- Финансиска понуда.
- Предложен метод
- Предлог оперативен план / временска рамка
- Трошоци
- Претходно искуство во преземање на слични проценки, референци од претходните ангажмани
Доколку сте заинтересирани за доставување на понуда, пратете e-mail на: info.na@sos.org.mk со барање за достава на „Terms of Reference“ или „Услови на повикот“.
- Начин на достава на документација:
Сите документи да се достават по пошта или директно на адреса: Ристо Шишков 25, 1000, Скопје, со назнака: Понуда за изработка на надворешна евалуација на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик преку мерки за генерирање приходи” или на
E-mail: info.na@sos.org.mk со назнака Понуда за изработка на надворешна евалуација на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик преку мерки за генерирање приходи”.
- Рок за достава на понуди е: 21.01.2019 година до 16.00 часот.