Тип на донација
Сума

или

povik konsultant

10 јули 2020

Повик за консултантски услуги

СОС Детско село објавува отворен повик за консултантски услуги за советување на ранливите семејства за остварување на правата од социјална заштита и насочување кон користење на владините мерки за заштита поврзани со Ковид 19.

Консултантските услуги се дел од активностите на проектот Поддршка на маргинализирани семејства во време на Ковид 19, поддржан од Владата на Република Северна Македонија а реализиран од СОС Детско село. Цел на проектот е подобрување на основни животни услови на маргинализирани семејства во време на кризата предизвикана од Ковид 19.

Цели на позицијата/ опис:

  • Обезбедува информации за мерките за поддршка и заштита поврзани со Ковид 19;
  • Подготвува преглед на мерките и одговорните институции за поддршка и заштита поврзани со Ковид 19;
  • Ги планира и води советодавните средби со ранливи семејствата и ги упатува кон користење на мерките за поддршка и заштита;
  • Дава поддршка во процесот на набавка на хуманитарните пакети наменети за ранливите семејства;
  • Едуцира за мерките за заштита од Ковид 19;

Очекувани резултати:

  • Извештај за достапните мерки за поддршка и заштита поврзана со Ковид 19;
  • 50 ранливи семејства се информирани и упатени кон користење на мерките за поддршка и заштита;
  • 50 ранливи семејства се обезбедени со хуманитарни пакети;
  • 50 ранливи семејства се информирани за мерките за заштита од Ковид 19;

Профил на консултантот:

  • Образование во областа на социјална заштита;
  • Познавање на системот на социјална заштита;
  • Искуство на работа во граѓански сектор;
  • Искуство на работа во слични проекти;
  • Искуство на директна работа со ранливи категории;
  • Добро познавање на областа човекови и детски права;

Временска рамка за ангажманот:

Консултантските услуги ќе бидат спроведени во периодот од август до декември 2020г. За реализација на резултатите од консултантскиот ангажман предвидени се вкупно 25 работни денови. Активностите на консултантот во сите фази на ангажманот ќе се развиваат во непосредна соработка со одговорните лица од СОС Детско село.

Сите активности на СОС Детско село се реализираат според претходно изработени протоколи за заштита од Ковид 19. Придржувањето кон протоколите за заштита е задолжително и следено од одговорните лица.

Краен рок и услови за аплицирање:

Секоја апликација треба да содржи:

  1. Мотивациско писмо
  2. Кратка биографија
  3. Финансиска понуда

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за консултант за социјална заштита испратете ги на адресата maja.smilevska@sos.org.mk најдоцна до 24 јули 2020 година.

Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете и телефон и e–адреса за контакт. Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 10 дена по затворање на конкурсот.