Тип на донација
Сума

или

Посета на висока делегација од СОС Детски Села Интернационал

6 ноември 2018

Посета на висока делегација од СОС Детски Села Интернационал

Во посета на СОС Детско село Македонија од 13-15 април беше највисоката делегација на СОС Детски села Интернационал, составена од Сидарта Каул, Претседател на СОС Детски села Интернационал, Андреас Пап, директор на Програмите за интервентна поддршка, како и Регионалниот директор на СОС Детски села, Дамир Ќориќ, придружувани од Јулијана Гапо, Национален директор на СОС Детско село Македонија. Делегацијата ги посети камповите во Грција, во Македонија и Србија.

По теренската посета на Транзитните центри во Гевгелија и Табановце, беа дадени следните изјави:

Сидарта Каул, Претседател на СОС Детски села Интернационал: Состојбата со децата во Транзитните центри не е добра. Оној што треба да живее во ситуација на неизвесност, во затворен, граничен простор секако дека нема да му биде добро. Ние работиме и со деца кои се наоѓаат во криза, односно со деца кои се бегалци, уште од моментот на основањето на СОС Детски села. Се обидуваме да ја подобриме нивната состојба, со оглед на тоа што тие се наоѓаат во состојба на траума, барем малку да им овозможиме да се чувствуваат како дома. Но, не е лесно, гледате во какви услови живеат. Во изминатите два месеци рутата се затвори, тие се заробени на едно место и нема вистинско решение за тоа што ќе се случи понатаму. Ние ќе ги поддржиме децата и младите луѓе во камповите за тие да имаат можност. Но, важно е владите, без разлика дали македонската, грчката, српската, турската, австриската, германската, да донесат одлуки што ќе биде понатаму. Не смее да се дозволи ова и понатаму вака да трае.

Состојбата со камповите е подеднакво лоша секаде. Никој не треба и не смее да живее во камп за бегалци. Може да биде удобно колку што сакате, но тоа никогаш нема да биде како дома.

Јулијана Гапо, национален директор на СОС Детско село Македонија: Ние како организација од почетокот се вклучивме во оваа криза. Членството во СОС Детски села Интернационал во овој случај се покажа како вистински добар пример за една солидарност бидејќи нашата земја и соседните, даваме влог во оваа криза и им помагаме на децата, така да од почетокот сме тука присутни, со ова детско катче во кое децата можат да го разубават својот престој овде, а родителите да имаат поддршка. Како клучен се покажа и нашиот објект во периодот кога температурите беа многу ниски. Со делегацијата од СОС Детски села интернационал беа посетени и камповите во Грција, во Македонија и Србија. Гостите беа импресионирани за тоа колку се вложило во овој период кај нас и колку е направено. Секако дека е неблагодарно да се споредуваат овие животни услови со вистински, меѓутоа мислам дека ние како земја правиме најмногу што можеме.