Тип на донација
Сума

или

Премиерот Груевски го посети СОС Детското Село

6 ноември 2018

Премиерот Груевски го посети СОС Детското Село

Денес дечињата од СОС Детското село и се радуваа на посетата на Премиерот на Република Македонија г-динот Никола Груевски и Министерот за труд и социјална политика г-динот Спиро Ристовски. Г-динот Груевски донираше lcd телевизор и dvd плееер како и новогодишни пакетчиња и спортски реквизити за децата од нашето село.

На почетокот, на присутните добредојде им посака претседателката на Управниот Одбор, г-ѓа Владанка Давковска која му врачи благодарница на г-нот Груевски. А децата ја искажаа својата благодарност онака како што најдобро умеат, низ игра и песна во неколку точки кои ги подготвија за оваа пригода. Потоа премиерот им ја честиташе Новата година на дечињата подарувајќи им новогодични пакетчиња  по што заедно со министерот посетија и две семејни куќи во кои имаа можност одблизу да се запознаат со начинот на функционирањето на семејствата и грижата која децата ја добиваат во рамките на  СОС Детското село. „Тука сум да ги видам децата што се овде сместени, да им посакам среќна Нова година и што е најважно да испратам сигнал до нив дека не се заборавени, дека државните власти се секогаш тука кога може да помогнат. На Влада веќе помина информација со која што до крајот на првата половина од следната година Владата ќе започне со поддршка на СОС Детско село. Тоа досега се финансираше главно од меѓународна хуманитарна организација и од локални спонзори“ изјави  г-ниот Груевски, на заминување од селото,изразувајќи задоволство од одличната работа на нашата организација и постигнувања на вработените. Видео: http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vladata-finansiski-ke-go-pomaga-sos-detskoto-selo