Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Посета на Самуел Жбогар во СОС Детско Село Скопје

Самуел Жбогар, шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, во четврток попладне го посети СОС Детско село Скопје. На децата им донесе новогодишни подароци и се сретна со Националниот директор на СОС Детско село Македонија, Јулијана Накова Гапо.
Гапо се осврна на работата на организацијата, потенцирајќи ги можностите за соработка и развој. Господин Жбогар, покажа посебен интерес за начинот на функционирање на организацијата, посебно за состојбата на децата и ја потенцираше опсежноста на работење и функционирање на СОС Детското село.

По службениот дел од посетата, делегацијата направи посета на една од куќите во кои се сместени децата во СОС Детско село, таму исто така, г. Жбогар подели подароци, а секако најсреќно беше девојчето кое во моментот беше присутно во куќата.