6 ноември 2018
На 05.01.2011 година, 30 деца од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО , придружувани од СОС Мајките, стручниот тим и Претседателот и Потпретседателот на Управниот Одбор , Г-ѓа Владанка Давковска и Г-нот Иван Двојаков, Националниот Директор Јулијана Гапо , по повод бадниковото празнување, ја посетија резиденцијата на претседателот Ѓорги Иванов и Г-ѓа Маја Иванова. Децата го поздравија претседателското семејство со коледарската песна а домаќините ги поздравија децата и им подарија коледарски пакетчиња.
И минатата година Г-ѓа Маја Иванова го посети СОС ДЕТСКО СЕЛО за Бадник, и ова пријателство продолжи и оваа година со тоа што овој пат децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО беа гости на претседателското семејство во улога на коледарчиња. Посетата помина во убава опуштена и празнична атмосфера а децата си заминаа со многу подароци , возбудени и полни со импресии од посетата на домот на претседателот на Република Македонија.
Назад кон сите новости