Тип на донација
Сума

или

deca

6 ноември 2018

Посета на музеите на Холокаустот и македонската борба

Во рамки на Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба функционира Клубот на млади кој спроведува активности од социо-културен и рекреативен карактер. На 5 октомври 2012г. беше организирана посета на Меморијалниот музеј на Холокаустот и Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Посетата на музеите беше добар повод децата и младите да ја искористат за разгледување на спомениците на Плоштад Македонија. Музејот на холокаустот пробуди голем интерес кај децата. Тие беа запознаени со страдањата и протерувањето на луѓето од еврејската заедница од Македонија, за време на Втората светска војна. Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, децата од страна на кустосот беа информирани за борбата на македонскиот народ низ историјата. Децата беа воодушевени од поставките во музејот, кои пробудија интерес и љубопитност кај нив, а особено големо внимание предизвикаа восочните фигури изложени во музејот. За децата и младите оваа прошетката беше прекрасно доживување, тие беа многу задоволни и покажаа иницијатива за други средби од ваков тип.