Тип на донација
Сума

или

Посета и донација од МАБА во СОС Детско село

6 ноември 2018

Посета и донација од МАБА во СОС Детско село

ДАТА: 27.12.2010 НАСТАН: ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКО АВСТРИСКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА НА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ МАКЕДОНСК0- АВСТРИСКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА СО ДОНАЦИЈА ВО ВИСИНА ОД 180.000 ДЕНАРИ ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО На 06.12.2010 г. во 17.30ч Македонско- Австриската Бизнис Асоцијација организираше посета на децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО. 6-ти декември е датата на која во Австрија се одбележува денот на Свети Никола, а традиционално Свети Никола носи мали подароци за сите деца.

 

Важна точка од годишната програма на Македонско- Австриската Бизнис Асоцијација претставуваат хуманитарните акции кои се вцртани како дел од мисијата и целите на Асоцијацијата. За поддршка на СОС семејствата во рамките на кои се згрижени од 6 до 7 деца без родители и родителска грижа, МАБА оваа година донираше пет гарнитури за седење, еден шпорет, две машини за перење и пет правосмукалки. Освен оваа донација во вредност од 180.000 денари од МАБА, со дополнителни подароци се вклучија и дел од членките на Асоцијацијата: ВИП Оператор, ГФК Скопје, ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје, ЕВН Македонија, Кнауф, Лекс Електрик, Порше Македонија, Секјуриком, СиТ Македонија, УНИКА, Христови Инженеринг, ЦИС Македонија и Шпаркасе банка Македонија АД со чија помош беа донирани и пакетчиња за децата составени од школски материјали, козметички производи, чоколади, друштвени игри и многу други подароци. Вработените од МАБА подготвија специјален `киндер пунч ` за деца, а беше и организирана претстава со маѓионичарска точка која беше прифатена со воодушевување не само од децата туку и од присутните возрасни домаќини и гости. Децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО како добри домаќини се претставија со неколку музички точки од кои едната беше химната на СОС ДЕТСКО СЕЛО, `Биди Пријател Наш ` која Ламбе Алабаковски ја компонираше специјално за децата.