6 ноември 2018
По повод новогодишните и Божиќните празници, на ден 09.01.2013 година децата од СОС Детското Село ги посетија Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Р.Македонија, г-динот Пол Волерс . Американските маринци, 7-ма година по ред , за децата подготвија новогодишни подароци во рамките на традиционалната програма за дарување “Toys for Tots”. Заедно со нив, подготвените подароци ги делеше и Дедо Мраз, кој беше уште едно изненадување организирано од страна на Американската Амбасада.
Сите деца ги добија оние подароци кои ги посакаа во своите новогодишни желби, И како добри домаќини тие изведоа и мала приредба, со која ги поздравија своите гости и им се заблагодарија на нивната посета но истотака и ги покажаа своите таленти за танцување. Претседателката на Управниот Одбор, Г-ѓа Владанка Давковска им врачи Благодарница на Американските Маринци, И се заблагодари во името на децата, СОС мајките и сите вработени на организацијата. Амбасадорот, Г-нот Пол Волерс, исто така доби подарок новогодишен цртеж од едно дете од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО, за кој искажа искрена благодарност како и за можноста за посетата и дружењето со децата.
Амбасадорот и Маринците, заедно со своите домаќини, беа гости и во една од куќите во селото и имаа можност поблиску да се запознаат за тоа како е организиран животот во СОС семејствата и за квалитетот на грижата која им се овозможува на овие деца. Импресионирани од изведбата и искреноста на децата , Амбасадорот најави дека ова традиционално дружење ќе продолжи и ја најави поддршката на оваа организација и преку други хуманитарни активности.
Назад кон сите новости