6 ноември 2018
Денес по повод празникот Василица, на гости во СОС Детското село, беше градоначалникот на град Скопје, г. Коце Трајановски со претставници од кабинетот.
Градоначалникот Коце Трајановски редовно го посетува СОС Детско село уште од 2006 година, тогаш во својство на градоначалник на општината „Гази Баба“, каде е сместено СОС Детското село.Градоначалникот на град Скопје, г. Коце Трајановски на децата им подели пакетчиња, за СОС Детското село донираше електричен шпорет. Децата од своја страна, во знак на благодарност се претставија со мала приредба со танцови кореографии и рецитали.
Посетата заврши со гостување во едно згрижувачко семејство каде како што како што налага традицијата се кршеше пита со паричка. Паричката оваа година се падна кај претставникот на кабинетот на градоначалникот, г-ѓа Марина Петровска, па очекуваме иста средба и следната година.
Назад кон сите новости