Креираме здрава и сигурна средина за децата и скојдневно им овозможуваме топол дом, љубов и грижа, и можност за правилен раст и развој.

Креираме здрава и сигурна средина за децата и скојдневно им овозможуваме топол дом, љубов и грижа, и можност за правил..

Програма за поддршка на згрижувачки семејства и развој на деца

 

Програмата за поддршка на згрижувачки семејства и развој на деца, поставена во населбата Ченто, преку својот мултидисциплинарен тим составен од социјални работници, психолози, педагози и административен и логистички тим, денес поддржува 14 СОС семејства и 67 деца без родители и родителска грижа. Секое семејство функционира со поддршка на еден згрижувач, или брачен пар згрижувачи, кои живеат во семејна куќа и обезбедуваат 24 часовна грижа за максимум 5 деца без родители и родителска грижа.

Преку поддршката која им се дава на згрижувачите се обезбедува здрава и сигурна средина за децата и им се овозможува топол дом, љубов и грижа, како и можност за правилен раст и развој.

Децата, исто така, се поддржани преку обезбедување на психо-социјална поддршка, едукативна поддршка, вклучување во спортски активности, културни манифестации, креативни работилници и екскурзии и летни кампови, за подобро да се интегрираат во заедницата и да го развијат својот максимален потенцијал. Исто така, особено се води грижа за нивните релации со биолошките родители, или блиски сродници и се овозможува континуитет во контактите и средбите со нив, доколку тоа позитивно влијае на детскиот развој.

Програмата на СОС Детско село опстојува и функционира во тесна соработка со други организации и партнери кои работат на полето на детска грижа и заштита, но клучни стратешки партнери се Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности и Центрите за социјална заштита преку кои се врши приемот на деца.

 

Контактирајте нè:

СОС ДЕТСКО СЕЛО СКОПЈЕ

ул. Финска 131, 1000 Скопје

тел. +389 (0)2 2535 010

mail: selo@sos.org.mk