6 ноември 2018
На 10.10.2012 година, во просториите на Советодавниот Центар за родители и деца – Гази Баба, Скопје, се одржа работна средба на која присуствуваа претставници на владини и невладини организации кои делуваат во полето на поддршка на семејствата во социјален ризик, на територија на општина Гази Баба.
Средбата се реализираше по иницијатива на повеќе владини и невладини организации на територија на градот Скопје, кои делуваат во општината Гази Баба, со цел нивно здружување во „ПЛАТФОРМА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА ДЕЦАТА И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА“. На средбата и претходеа неколку работни средби, на кои се дискутираше за потребата од здружување на организациите, со цел координирање и унапредување на меѓусебната соработка На работната средба, присуствуваа 27 претставници од 18 институции и организации, кои изразија согласност за приклучување кон Платформата и формирање на Координативното тело во кое ќе партиципираат со свои претставници.
Средбата резултираше со следниве заклучоци:
• Официјализиран е МАНИФЕСТ на Платформата;
• Создадено е Неформално КООРДИНАТИВНО ТЕЛО. Изгласано е Координативното Тело да биде составено од претставници од различните сектори на дејствување во локалната заедница (Општината, Училиштата, Градинките, Здравствени институции, Меѓуопштински Центар за социјална работа на град Скопје, Установи од социјалната заштита, Невладини организации);
• Сите присутни се сложија СОС Детско Село Македонија преку својот претставник г-ѓа Јулијана Шумкоска, да ја превземе улогата за координирање и организирање на активностите на Координативното тело до крајот на 2012 година;
• Координативното тело е отворено за вклучување на нови организации и институции кои ќе изразат иницијатива за нивно вклучување.
Назад кон сите новости