2 февруари 2022
Отворен оглас за теренски тим лидер
За потребите на СОС Детско село, МПГ Солутионс ја објавува следната позиција:
Теренски ТИМ ЛИДЕР (м/ж) Скопје
кој ја координира работа на СОС Претставниците на терен и дава континуирана поддршка и практична едукација со цел зголемување на мрежата на СОС Пријатели и остварување на мисијата на СОС Детско село – Ниту едно дете не треба да расте само
Области на работа и одговорности:
- Ја координира работата на теренските претставници градејќи ефективен тим, позитивни интерперсонални односи и тимски дух
- Континуирана дневна посета и мониторинг на теренските активности
- Поддршка во теоретски и практични тренинзи на теренските претставници согласно однапред дефиниран интерен протокол
- Учествува во процесот на селекција на теренските претставници
- Ги следи индивидуалните остварувања согласно однапред дефинирани цели и изработува евалуациски извештаи
- Изработува планови/распоред за теренска работа, промени, замени и сл
- Организира и спроведува неделни и месечни состаноци со теренските претставници
Потребни квалификации и дополнителни критериуми:
- Завршено најмалку средно образование
- Најмалку 1 година искуство во директна продажба, пожелно искуство во водење на тим
- Добро познавање на англиски јазик
- Работа на компјутер
- Возачка дозвола Б категорија, активен возач
- Користење на сопствено возило
- Високо организирана личност ориентирана кон остварување резултати
- Одлични комуникациски, презентациски и продажни вештини
- Оптимизам, упорност и спремност да обезбедува донации за хуманитарни цели
Работни услови:
- Ангажман на определено време од 6 месеци со можност за продолжување и вработување со полно работно време
- Работа на терен
- Скратено работно време од 20 часа неделно
- Флексибилно работно време
- Континуирани можности за личен и професионален раст и развој
Испрати ја твојата биографија со јасна назнака за позицијата на info@mpg.com најдоцна до 11.02.2022 година.