Тип на донација
Сума

или

17 јануари 2020

Отворен оглас-Сметководител

Приватната установа СОС Детско село Скопје која обезбедува топол дом и грижа за деца и млади без родители и родителска грижа и прави и превенција на деца и младинци од губење на грижата на своите биолошки родители објавува 1 (едно) работно место:

 

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Опис на работата:

Сметководителот е одговорен да ја организира и евидентира сметководствената документација во согласност со постоечките закони и во согласност со интерните финансиски стандарди и политики на организацијата со цел подготовка на завршна сметка. Сметководителот придонесува за ефикасно дневно сметководствено работење и ја поддржува работата на раководниот персонал.

Главни задачи:

  • Книжење на сметководствено-финансиската документација во согласност со законските прописи и со интерните финансиски стандарди и политики на организацијата;
  • Подготовка на завршна сметка во согласност со законските прописи;
  • Познавање и следење на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива;
  • Комуникација и асистенција со финансискиот оддел на организацијата;
  • Ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.

Квалификации:

  • Лиценца за овластен сметководител
  • Завршено високо образование од областа на економски науки
  • Искуство во сметководствено работење и подготовка на завршна сметка од најмалку пет години
  • Искуство во работа во сметководство во непрофитен сектор се смета за предност

Потребни компетенции :

  • Добро познавање на англиски јазик
  • Добри компјутерски вештини, одлично познавање на MS excel
  • Развиени вештини за работа во тим
  • Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност
  • Добри комуникациски и организациски вештини
  • Способност за работа под притисок и рокови
  • Не е осудуван
  • Лојален е кон работата и ги заштитува податоците гарантирајќи доверливост, дискреција и чување на рејтингот и имиџот на организацијата

Работни услови:

  • Работа на определено време од 1 година со можност за продолжување на неопределено време
  • Работа од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (КПУ часови, обуки за професионален и личен развој, активности за јакнење на тимот)

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 26.01.2020 на e-mail: kariera@sos.org.mk