23 декември 2019
Отворен оглас-Правник
Приватната установа СОС Детско село Скопје која обезбедува топол дом и грижа за деца и млади без родители и родителска грижа и прави и превенција на деца и младинци од губење на грижата на своите биолошки родители објавува 1 (едно) работно место на определено време:
ПРАВНИК
Опис на работата:
Правникот е одговорен за следење на законските прописи и нивна имплементација со цел законско работење на установата. Правникот е одговорен за усогласување на актите на установата согласно законски прописи и нормативи.
Главни задачи:
- Ги следи и проучува сите законски промени за истите да ги имплементира, односно усогласи со општите акти на установата;.
- Подготвува информации, анализи, мислења и извештаи за прашања поврзани со имплементација на измени на законски и подзаконски прописи и дава препораки;
- Учествува во имплементирањето на законските и подзаконските акти и учествува во подготовка на измени и дополнување на интерните акти;
- Подготвува процедури и упатства за спроведување на законите и подзаконските акти во установата и обезбедува правна помош на други единици во воспоставување на процедурите;
- Ги изготвува и/или ги проверува правните акти кои се носат на ниво на установата согласно дејноста ( одлуки, потврди, правилници, договори, решенија, спогодби);
- Изработува одговори на жалби и приговори во согласност со важечките прописи;
Изготвува, прибавува и доставува соодветна документација од и до државните институции согласно законските одредби;
- Изработува општи акти согласно Статутот на Установата, законските прописи и истите навремено ги усогласува со промените на законот, со одлуки на Влада, одлуки на МТСП на РМ, и други релевантни институции;
- Учествува во подготвување на правни документи за раководството на Установата и други материјали кои произлегуваат од заклучоци на работни групи и тела;
- Учествува во изработка на документи за потребите на седниците на Управниот Одбор на Установата;
- Изработува тримесечни и годишни извештаи за својата работа;
Квалификации:
- Завршено високо образование Правен факултет
- Работно искуство од најмалку 3 години во граѓанско право
- Работно искуство во областа на социјална заштита ќе се смета за предност
Потребни компетенции :
- Развиени вештини за деловно комуницирање и коресподенција
- Професионален однос кон интерни и екстерни клиенти
- Развиени вештини за работа во тим
- Добро управување со своето време и ефикасно управување со ресурсите
- Флексибилност и лесно адаптирање на промени
- Високо ниво на дискреција и доверливост
- Познавање на детските и човековите права
- Познавање на регулативата од социјалната заштита и мерките за поддршка на ранливи категории на граѓани.
- Познавање на MS Office пакетот
- Солидно знаење на англиски јазик
- Валидна возачка дозвола Б категорија
Работни услови:
- Работа на определено време – 12 месеци со можност за продолжување
- Работа од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
- Континуирани можности за професионален и личен развој
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 26.12.2019 на e-mail: kariera@sos.org.mk.