Тип на донација
Сума

или

sos detsko selo otvaranje na centar za podrska na zgrizuvaci

20 април 2022

ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА – СОС ДЕТСКО СЕЛО

Преку успешно долгогодишно искуство во обезбедување на квалитетна алтернативна грижа, СОС Детско село го заокружува работењето со развој на иновативна програма за поддршка на згрижувачки семејства кои обезбедуваат стабилна и квалитетна грижа за децата без родители и родителска грижа и нивна заштита. Новата унапредена услуга за стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства, за која се стекнавме со лиценца и овластување од Министерство за труд и социјална политика во 2021 г, се обезбедува преку Центар за поддршка на згрижувачки семејства.

Преку работењето на Центарот им помагаме на вкупно 64 згрижувачки семејства да создадат безбедно и сигурно опкружување за вкупно 150 деца и млади, за тие да можат да растат, да се развиваат и да го остварат својот полн потенцијал.

sos detsko selo otvaranje na centar za podrska na zgrizuvaci

Центарот е со седиште во најголемата општина во Град Скопје, Општина Гази Баба. Со својата надлежност Центарот делува како регионален центар покривајќи ја територијата на Скопски плански регион, Вардарски плански, и Југоисточен плански. Главната задача на Центарот е да им помогне и да ги насочува згрижувачките семејства за да можат да обезбедат квалитетна семејна грижа, каква што му е потребна на детето во неговото згрижување.

Сите оние кои имаат желба и мотивација да го отворат својот дом и да обезбедат грижа на дете кое има потреба, вклучително и деца со попреченост, бебиња, деца жртви на насилство или запоставување и деца изложени на ризици се охрабрени да се обратат во Центарот, за понатамошни информации и вклучување во почетна обука за згрижување.

 

julijana gapo

“Благодарение на 20 годишното искуство и стручна работа СОС Детско Село се стекна со лиценца за отворање на ваков тип на Центар за поддршка на Згрижувачи и станува еден од 3те вакви Центри во нашата држава.

Преку Центарот за поддршка на Згрижувачки семејства се засилува фокусот кон унапредување, развој и промовирање на згрижувањето, со цел да се овозможи семејна средина и грижа за децата на кои им е потребна ваков тип на грижа. Унапредувањето на  стандардите во згрижувањето ќе придонесе  да се зајакне квалитетот на грижата на децата но воедно и знаењето и капацитетите на згрижувачите и професионалците во оваа област.”- изјави Јулијана Гапо, Национален директор на СОС Детско село

Во моментов во земјава има 327 згрижувачки семејства во кои се згрижени 559 деца без родители и родителска грижа.

zgrizuvanje

За едно дете да расте и правилно да се развива идеална е природната средина, односно семејната средина. Но, поради разни причини некои деца ја немаат таа можност. Затоа МТСП преку законски решенија, стратегии, програми и активности работи на создавање на услови за секое дете да расте и да се развива во средина блиска на семејната. Правилниот избор на формата на заштита на децата без родители и родителска грижа им овозможува на децата развивање во здрави личности кои ќе треба да ја понесат одговорноста како возрасни лица подготвени за иднината.” – изјави Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која присуствуваше на отворањето на Центарот.

Таа додаде дека во последните неколку години во земјава интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита. МТСП, истакна Тренчевска, спроведувајќи го процесот на деинституционализација презеде низа активности за развој на оваа форма на заштита преку донесување на законски и подзаконски акти, упатства, програми за работа, како и обуки на стручните работници во насока на зголемување на бројот и квалитетот на згрижувачките семејства.

zgrizuvanje sos

Во рамките на ова свечено отварање се најавува и кампања за подигнување на свеста и информирање за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца во рамки на која ќе се одржат настани од јавен карактер во 25 општини. Првиот настан ќе биде во Скопје на 01 Јуни во Градски парк.

Целта на оваа кампања е зголемување на бројот на потенцијални згрижувачки семејства кои соодветно ќе одговорат на потребата од згрижување на деца, како и достапни социлани услуги во заедницата за поддршка на децата и семејствата во ризик.