Тип на донација
Сума

или

13 март 2023

СТРУЧЕН РАБОТНИК ЗА СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА

Стручниот работник  за социјална интеграција во Службата за Живеење со поддршка, под надзор и раководство на Раководителот координира и спроведува поддршка на млади во процес на нивна транзиција од алтернативна грижа кон социјална интеграција, а во согласност со визијата, мисијата, организациската стратегија, политиките и стандардите. Тој е одговорен за квалитетот на поддршка за младите во транзиција. Осигурува квалитетно спроведување на сите воведени програми за работа со млади во процес на осамостојување.

Главни задачи и одговорности

  • Презема активности за создавање на можности за учество и застапување на младите во заедницата;
  • Подготвува материјал за промоција на поддршка на младите во процес на осамостојување и социјална интеграција;
  • Ја поддржува спонзорската програма на младите во социјална интеграција;
  • Работи во согласност со националниот концепт за грижа за млади;
  • Организира активности согласно методологијата за менторство на млади за социјална интеграција и други воведени организациски програми и пристапи за работа со млади;
  • Обезбедува пристап до активности и услуги за зајакнување на знаењето и вештините на младите за вработување, практични животни вештини, социјални вештини и советување за користење на права од социјална заштита и можности за младите во процесот на социјална интеграција, вработување и домување;
  • Ги советува, менторира и придружува младите за комплетирање на формалното и неформалното образование со цел јакнење на компетенции за самостоен живот;
  • Спроведува мерки и активности за поддршка на младите кои имаат развојни потешкотии и ги поврзува со институции, организации и даватели на услуги;
  • Споделува  информации до младите за можностите за социјално вклучување во нивната заедница;
  • Развива индивидуална мрежа за поддршка на секое младо лице;
  • Изработува договор со младите за социјална интеграција и директно и индиректно преку менторите го следи исполнувањето на договорот;
  • Учествува во планирање и осигурува спроведување на целите и активностите во планот за поддршка на корисник;
  • Изработува оперативен план за поддршка на секој младинец;
  • Води евиденција за работата со младите;
  • Обезбедува податоци и осигурува нивно внесување во база на податоци, нивно редовно ажурирање и го осигурува квалитетот на внесените податоци;
  • Учествува во целосна проценка за потребите на младинецот кој ја напушта или напуштил грижата;
  • Редовно се координира со менторите (ГЛГ) и самостојните стручни работници за сите млади кои ги поддржува;
  • Соработува со сите раководители и проектни менаџери во организацијата за поефективна поддршка на младите за нивно вработување и социјална интеграција;
  • Отвора можности за сезонско вработување на млади во грижа;
  • Дава континуирана поддршка и ги мотивира младите да го задржат работното место;
  • Ги поддржува младите во наоѓање на идно живеалиште;
  • Интервенира во кризни ситуации и ги поврзува со лица и услуги за психо-социјална поддршка;
  • Директно се вклучува во грижата за младите во станбените единици во улога на ментор за млади по потреба и одлука на Раководителот на служба за живеење со поддршка;
  • Ги спроведува прописите од областа на заштита на лични податоци и заштита и безбедност при работа;
  • Ги спроведува политиките за заштита и безбедност за деца;
  • Врши и други задачи во доменот на описот и одговорностите на работното место.

Потребни квалификации

  • Високо образование од областа на општествените науки (Социјален работник, Психолог, Педагог итн);
  • Координаторски вештини;
  • Тимска работа;
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство ќе се смета за предност;
  • Напредни познавања на детските права;
  • Напредни познавања од областа застапување на млади;
  • Две години работно искуство во работа со млади;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Активно познавање за работа на компјутер;
  • Лиценца за стручна работа издадена од страна на Завод за социјални дејности.

Работни услови

  • Работа на определено време во траење од 1 година, со можност за продолжување на неопределено време
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот

Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 17.03.2023 преку копчето Аплицирај.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СОС Детско село Скопје и истите да бидат зачувани во дата базата.