31 јули 2023
ОТВОРЕН ОГЛАС ЗА ВОСПИТУВАЧИ
Во СОС Детско село имаме потреба за вработување на комуникативни, емпатични личности, со отвореност и толеранција кон различности, кои ќе ги поддржуваат и насочуваат младите без родителска грижа на возраст од 14-18 години во нивниот развој кон независност и автономија.
Нашите вработени во директна грижа се витален дел од нашиот тим, бидејќи ги поддржуваат децата и младите во истражување на нивните цели и соништа, ги откриваат и споделуваат нивните уникатни таленти и ги поддржуваат да бидат самостојни и активни членови на заедницата.
Нудиме работа со полно работно време од 40 часа неделно, со подготвеност за работа во ротациони смени и дополнителна доплата (дневни и ноќни), со посветен тим каде секој е почитуван и каде што владее фер и правична работна средина.
Добредојдени се апликации од кандидати со високо или средно образование, особено со искуство во работа со млади лица.
Краток опис на работата:
- Го организира секојдневниот живот и активностите со младинците, дава поддршка на младите во грижата за себе, одржување на хигиената во куќата, дава поддршка при формално и неформално учење, рекреација во слободно време итн
- Гради емотивна и стабилна релација со секое младо лице во континуитет и создава можности за приврзување и добивање на чувство на припадност
- Има улога на ментор, и ги поддржува развојот и добросостојбата на младинците и по напуштање на грижата и др.
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование или студии од општествени науки (предност ВСС)
- Релевантно работно искуство (професионално искуството во работа со адолесценти од најмалку 1 година ќе се смета за предност)
- Познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
- Активен возач (Б категорија)
Работни услови:
- Работа на полно работно време (првичен договор на 3 месеци, со можност за продолжување)
- Работа во смени (12 часовни / 8 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа за време на празници и викенди, според однапред утврден распоред
- Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки, активности за јакнење на тимот итн)
Ве молиме испратете професионална биографија на e-mail: kariera@sos.org.mk со назнака за работна позиција ВОСПИТУВАЧ.