Тип на донација
Сума

или

3 ноември 2023

Јавен повик бр. 002/2023 за доделување на договор по јавен повик – стручно технички надзор при изведба на градежни работи

Почитувани,

 

Договорниот орган  Приватна установа за вон – семејна заштита СОС Детско Село Скопје претставува дел од Здружението на граѓани СОС Детско Село Северна Македонија Скопје кое е дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал  има потреба ангажирање на Стручно технички надзор при изведба на градежни работи според Основен проект за реконструкција и адаптација на деловен објект на ул.Финска бр.131, КП 4949 К.О Сингелиќ 1, Скопје.

Основниот проект за комплетна реконструкција и адаптација е за деловен објект Административна зграда која е на два спрата со вкупна површина од 300 м2. Проектот за реконструкција и адаптација ќе биде финансиран од страна на странски фондови и набавката ќе биде ослободена од ДДВ.

Доколку сте заинтересирани да доставите понуда потребно е да подигнете комплетна документација со прилози од Основен проект, по претходна уплата од 500 ден на жиро сметка:  210-0564811401-89 при НЛБ Банка АД Скопје со цел на дознака “Административни трошоци за аплицирање на јавен повик со бр. 002/2023.”

Тендерската документација може да ја  подигнете секој ден од 10:00 – 14:00 часот од канцеларија на Ул. Ристо Шишков бр. 31, 1000 Скопје, или да ви биде испратена електронски по ваше барање на  e-mail: info.na@sos.org.mk

 

Крајниот рок за барање и подигнување на документација е 05.12.2023 година до 14:00 часот.

 

Крајниот рок за достава на понуда е 14.12.2023 година до 14:00 часот.                                     

 

Со почит,

СОС Детско Село Скопје