25 јули 2023
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Предмет на Набавка:
Во рамките на проектот ″Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ поддржан од ЕУ, СОС Детско село има потреба од набавка на услуги за изработка и одржување на мобилна апликација за млади за пријавување на кибернасилство. Подетален опис на бараните услуги се наоѓа во Техничката спецификација за набавка која е составен дел од оваа тендерска документација.
2. Период на спроведување:
Потребно е да се испорачаат услугите во рок од 30 денови по известување за селекција и потпишување на договор за соработка.
Процесот на одржување се однесува на периодот по одобрување на алатката до 30 април 2024 година.
3. Содржина на понуда за набавка на услуги за изработка и одржување на мобилна
апликација за пријавување на кибернасислтво за проектот ″Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″
Понуда може да достават компании и физички лица.
Содржина на понуда за компании:
Понудата треба да ги содржи следните елементи:
– Техничка Понуда (во прилог на овој документ)
– Финансиска понуда (во прилог на овој документ)
– Изјава од одговорно лице дека не е започната стечајна постапка и забрана за било каква професионална активност – за компании (во прилог на овој документ)
– Референци / линкови од најмалку 2 изработени слични продукти (интерактивни веб
страни / мобилни алатки)
Содржина на понуда за индивидуални лица:
– Кратка биографија
– Финансиска понуда (во прилог на овој документ)
– Референци / линкови од најмалку 2 изработени слични продукти (интерактивни веб страни / мобилни алатки)
4. Основни критериуми за селекција
– Најниска понудена цена на чинење
Понудувачите кои нема да достават комплетна документација, или доставиле понуда во несоодветна форма за понуда ќе бидат одбиени. Понудите треба да бидат испратени на македонски јазик.
За компании – Ве молиме земете предвид дека проектите финансирани од ЕУ се ослободени од ДДВ (Данок на додадена вредност). Според тоа, единечните цени кои ќе вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.
За индивидуи/експерти – Бруто износ вклучувајќи персонален данок на доход
5. Услови и начин на плаќање
Плаќањето ќе се реализира во рок од 10 работни дена по реализација на услугата за изработка, тестирање и ставање во функција на мобилната апликација за пријавување на кибернасилство, и по доставување на фактура (пречистена од ДДВ од страна на УЈП) – за компаниите, а документ за извршена услуга – за индивидуи/експерти.
6. Начин на доставување на понудите
Краен рок за доставување на понуда е 03 август 2023.
Понудата може да се достави електронски на следната е-маил адреса: info.na@sos.org.mk
Понудите поднесени по е-маил од страна на компаниите мора да бидат скенирани со потпис и печат од одговорното лице/понудувачот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.
За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: info.na@sos.org.mk или телефон: 071 28 97 48, најдоцна до 27.07.2023 година, до 15:00 часот.