Тип на донација
Сума

или

oglas za vostipuvac

24 декември 2020

Оглас за воспитувач

СОС Детско село Скопје во склоп на единиците за организирано живеење со поддршка обезбедува грижа за млади на возраст од 14-18 години кои се насочуваат кон независност и самостоен живот. Грижата за младите се реализира со 24 часовна грижа од соработници и воспитувачи.

За реализирање на грижата и поддршката на младите, СОС Детско село Скопје 2 слободни места за работна позиција

Воспитувач

Опис на работата:

  • Воспитувачот поддржува и насочува млади на возраст од 14-18 години без родителска грижа во нивниот развој кон независност и автономија во согласност со принципите и барањата на СОС моделот и конвенција за правата на децата на ОН.
  • Воспитувачот е одговорен за индивидуално водење на млади како главно лице за грижа преку водење на развојно планирање, советување, емоционална поддршка, воспитување, организација на слободни активности, следење на училишните и вон училишните активности, поддршка при професионална ориентација и обезбедување работа, организација на контакти со биолошки сродници.
  • Воспитувачот дава поддршка на младите во грижата за себе: исхрана, одржување на лична хигиена, обезбедување на облека, нега и грижа за здравјето, располагање со пари.
  • Воспитувачот ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.

Потребни квалификации:

  • Завршени студии од општествени науки (психологија, педагогија, социјална работа се смета за предност)
  • Релевантно работно искуство (професионално искуството во работа со адолесценти од најмалку 1 година ќе се смета за предност)
  • Да има општа здравствена способност за работното место
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
  • Вештини во организација на активности кои го поттикнуваат развојот на младите
  • Вештини за работа во тим
  • Емоционална интелигенција, комуникациски и интерперсонални вештини
  • Емпатија, отвореност и толеранција кон различности
  • Добро познавање на детските и човековите права
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
  • Возраст над 30 години се смета за предност
  • Б категорија

Дополнителни компетенции:

  • Подготвеност за социјално родителување, односно висока мотивација да биде дел од животот на младите кои не се негови биолошки деца, прифаќање на младите со сите нивни индивидуални карактеристики и нивното минато, подготвеност за лично врзување со нив, подготвеност да ја прифати улогата на социјален родител и да обезбеди грижа за децата во ситуации на споделена одговорност со останати професионалци од програмата и системот на социјална заштита, подготвеност да ја разбере значајноста на биолошките родители и роднини во животот на детето;
  • Водење на личниот развој, односно способен е да направи баланс помеѓу професионалниот, личниот и социјалниот живот, да се грижи за психичкото и физичкото здравје, активно да учествува на супервизии, размени на искуства и идни тренинзи;
  • Капацитет да се справува со притисок способност да се работи под притисок, да ги следи поставените цели и да е смирен кога се соочува со тешки ситуации;
  • Подготвен да се справи со тешкотиите во однесувањето на децата, способен е да идентификува неадекватно однесување и реагира позитивно за да се справи со предизвиците во исто време нудејќи стабилна поврзаност и адекватна атмосфера за да се пронајде решение;
  • Делува согласно детските права, ги разбира и живее со детските права, СОС Политиката за заштита на децата и Kодексот на однесување, има способност да изгради здрава, почитувачка и толерантна врска со децата и младите, да им покаже поврзаност и да се однесува кон нив со почит со цел да се спречи било какво насилство или ризик.

Работни услови:

  • Работа на определено време (со можност на продолжување на неопределено);
  • Работа во смени (12 часовни / 8 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа за време на празници.

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 05.01.2021 на e-mail: kariera@sos.org.mk.