Тип на донација
Сума

или

oglas za vospituvac 2019

22 август 2019

Оглас за воспитувач (Социјален работник)

СОС Детско село Скопје во склоп на единиците за организирано живеење со поддршка обезбедува грижа за млади на возраст од 14-18 години кои се насочуваат кон независност и самостоен живот. Грижата за младите се реализира со 24 часовна грижа од соработници.

 

За реализирање на грижата и поддршката на младите, СОС Детско село Скопје објавува оглас за (1) работно место:

 

Воспитувач (Социјален работник)

 

Опис на работата:

 

  • Воспитувачот поддржува и насочува млади на возраст од 14-18 години без родителска грижа во нивниот развој кон независност и автономија.
  • Воспитувачот е одговорен за индивидуално водење на млади како главно лице за грижа преку водење на развојно планирање, советување, емоционална поддршка, воспитување, организација на слободни активности, следење на училишните и вон училишните активности, поддршка при професионална ориентација и обезбедување работа, организација на контакти со биолошки сродници.
  • Воспитувачот дава поддршка на младите во грижата за себе: исхрана, одржување на лична хигиена, обезбедување на облека, нега и грижа за здравјето, располагање со пари
  • Воспитувачот реализира групна работа со младинците на специфични теми согласно програмата
  • Воспитувачот учествува во изготвување на наод на стручен тим и план за индивидуална работа со младите
  • Воспитувачот е одговорен да ги обезбеди правата и услугите кои може младите да ги користат во системот на социјална заштита.
  • Воспитувачот ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.

 

Потребни квалификации:

 

  • Завршени студии од социјална работа и политика
  • Искуство во работа со адолесценти (најмалку 1 година професионално искуство)
  • Да има општа здравствена способност за работното место
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
  • Вештини во организација на активности кои го поттикнуваат развојот на младите
  • Вештини за работа во тим
  • Емоционална интелигенција, комуникациски и интерперсонални вештини
  • Емпатија, отвореност и толеранција кон различности
  • Добро познавање на детските и човековите права
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
  • Возраст над 30 години се смета за предност
  • Б категорија (се смета за предност)

 

Дополнителни компетенции:

 

  • Подготвеност за социјално родителување, односно висока мотивација да биде дел од животот на младите кои не се негови биолошки деца, прифаќање на младите со сите нивни индивидуални карактеристики и нивното минато, подготвеност за лично врзување со нив, подготвеност да ја прифати улогата на социјален родител и да обезбеди грижа за децата во ситуации на споделена одговорност со останати професионалци од програмата и системот на социјална заштита, подготвеност да ја разбере значајноста на биолошките родители и роднини во животот на детето;
  • Водење на личниот развој, односно способен е да направи баланс помеѓу професионалниот, личниот и социјалниот живот, да се грижи за психичкото и физичкото здравје, активно да учествува на супервизии, размени на искуства и идни тренинзи;

 

  • Капацитет да се справува со притисок способност да се работи под притисок, да ги следи поставените цели и да е смирен кога се соочува со тешки ситуации;
  • Подготвен да се справи со тешкотиите во однесувањето на децата, способен е да идентификува неадекватно однесување и реагира позитивно за да се справи со предизвиците во исто време нудејќи стабилна поврзаност и адекватна атмосфера за да се пронајде решение;
  • Делува согласно детските права, ги разбира и живее со детските права, СОС Политиката за заштита на децата и Kодексот на однесување, има способност да изгради здрава, почитувачка и толерантна врска со децата и младите, да им покаже поврзаност и да се однесува кон нив со почит со цел да се спречи било какво насилство или ризик.

 

Работни услови:

 

  • Работа на определено време (со можност на продолжување на неопределено);
  • Работа во смени (12 часовни / 8 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа за време на празници.

 

 

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 01.09.2019 на e-mail: kariera@sos.org.mk.