12 ноември 2020
Оглас за СОС семејна помошничка
Приватната установа СОС Детско село Скопје преку една од своите програми поддржува згрижувачки семејства каде деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом и родителска љубов, и стекнуваат чувство на припадност и сигурност.
СОС Детско село Скопје има потреба од мотивиран и искусен кадар кој ќе ги поддржи згрижувачките семејства во обезбедување грижа и топол дом за деца без родители и родителска грижа.
Со таа цел, Приватната установа СОС Детско село Скопје огласува 4 (четири) слободни работни места на определено време од 1 година
СОС семејна помошничка
Опис на работата:
СОС семејната помошничка е најголемата помош на СОС родителот која се грижи за децата во семејството. Тие заедно го планираат дневниот ритам на секојдневниот живот, а нејзиниот допринос во поддршката за грижата за децата и водење на домаќинството е неизмерен.
- СОС семејната помошничка дава подршка на СОС родителите кон нивните секојдневни задолженија и активности поврзани со децата и семејниот дом. Работи во различни СОС семејства.
- Дава поддршка на СОС родителот во директна грижа за развојот на децата (одржување на лична хигиена, правилна исхрана, посети на лекар) и при воспитно образовната работа со децата (помош при завршување на училишните обврски, посета на културно-забавни манифестации, учество во слободни активности на децата, гради и негува стабилен однос со децата во секое СОС семејство
- Дава поддршка на СОС родителот при реализирање на секојдневните активности во СОС згрижувачкото семејство (набавка на прехранбени производи и други производи потребни за домаќинството, подготвување на оброци и одржување на хигиената во домаќинството,) помага на СОС родителот да влијае на формирање на култура на живеење, естетско, морално и работно воспитување на децата. Помага на децата во учење, систематски ги развива работните, хигиенските и културните навики кај децата, се грижи за здравјето на децата, се грижи за редовно земање на пропишаната терапија и пропишан режим на исхрана.
- Ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.
Работни услови:
- Вработените во СОС Детски села имаат можност постојано да ги надградуваат своите знаења и вештини преку обуки, индивидуална и групна супервизија и размена на искуства;
- Работа на определено време 1 година
- Работа во смени, празници согласно изготвен распоред
Карактеристики (Потребни компетенции):
СОС семејната помошничка ги исполнува следните услови:
- Има најмалку средно образование
- Не е осудуван/а
- Умее да одговори на развојни потреби на децата
- Флексибилност и способност брзо да се прилагодува на различни семејства и деца
- Отвореност и толерантност кон различни култури
- Возраст од 35 – 45 години (се зема за предност)
- Искуство во работа со деца
- Има добри вештини на комуникација, позитивен став кон работите и околината која ja опкружува
Како да се пријавите за СОС семејна помошничка?
Доколку имате желба да станете СОС семејна помошничка, Ве молиме да ја испратите Вашата кратка биографија-како би имале увид во Вашето досегашно искуство и мотивациско писмо-во кое ќе ја опишете Вашата мотивација за СОС семејна помошничка и испратете ја најдоцна до 24.11.2020 со назнака Оглас за СОС семејна помошничка на:
Адреса: СОС Детско Село Скопје
ул. Финска бр 131
1040 Скопје
E-mail: kariera@sos.org.mk