Тип на донација
Сума

или

psiholog sos detsko selo

5 јануари 2021

КОНКУРС ЗА ПСИХОЛОГ

СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

За потребите на Советодавниот центар за родители и деца во општина Гази Баба во насока на зајакнување на семејства во социјален ризик, СОС Детско село Скопје огласува 1 (едно) слободно работно место за позиција:

 

ПСИХОЛОГ  

 

Опис на работата:

Психологот на проектот е одговорен за поддршка на семејства во социјален ризик, со цел намалување или отстранување на ризиците со кои се соочуваат. Тој/таа е одговорен за поддршка на децата кои се во ризик да ја загубат грижата од нивното биолошко семејство, што вклучува директна работа со родителите во социјален ризик, децата и заедницата, со цел независно и самостојно функционирање на семејството и интеграција во заедницата.

Клучни задачи и одговорности:

  • Ги истражува и проценува потребите на родителите и децата во социјален ризик;
  • Ги поддржува родителите, децата и нивните семејства во одржување на стабилно ментално здравје и психо-социјална благосостојба;
  • Ги поддржува родителите, децата и нивните семејства во справување со стрес, страв и конфликти предизвикани од социјална изолација и притисок од средината;
  • Ги поддржува членовите на семејството во социјален ризик особено децата и жените преку советување и обезбедување на пристап и информации до достапни услуги за заштита од насилство;
  • Го поддржува детскиот развој во семејства кои се во состојба од социјален ризик и преку градење на капацитетите на родителите, го превенира запоставувањето или заминувањето на децата од биолошка/примарна семејна средина;
  • Организира и спроведува советувања со деца и родители за превенција на насилство;
  • Го уредува, обезбедува и координира давањето на услуги на децата и семејствата во силно партнерство со другите даватели на услуги и согласно плановите за работа со корисниците;
  • Ги имплементира политиките, стандардите и процедурите на СОС организацијата со посебен осврт на политиката за заштита на децата;

 

Потребни квалификации:

  • Завршени студии од психологија;
  • Искуство во работа со ранливи категории (најмалку 2 години професионално искуство)
  • Искуство во советодавна работа (индивидуална/групна)
  • Вештини и знаење за работа со компјутерски апликации (Windows, MS Office).
  • Возачка дозвола Б категорија – предност
  • Поседување на лиценца за работа во установа за социјалната заштита ќе се смета за предност;

 

Дополнителни критериуми (вештини):

  • Познавање на човековите права и пристапите во развојот на програмите засновани на човекови права;
  • Напредно познавање на детските права;
  • Вештини за тимска работа;
  • Силни комуникациски вештини;
  • Емпатија, отвореност, недискриминирачки пристап и толеранција кон различности;
  • Способност да оствари позитивна релација со ранливи категории на лица и стекнување на нивната доверба;

 

Работни услови:

  • Работа на определено време во период од февруари 2021-декември 2021 година;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот;
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот);

 

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 12.01.2021 на e-mail: kariera@sos.org.mk