12 октомври 2021
СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Во нашата земја, СОС Детско село веќе 20 години поддржува деца и млади без родителска грижа и делува и работи на развојни услуги од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права. Преку одделот за комуникации и собирање средства ја реализира и кампањата со новогодишни честитки и лампиони на СОС Детко село.
СОС детско село објавува оглас за платена волонтерска работа во одделот за собирање средства и комуникации:
Оглас за проектен асистент за продажба на честитки
Потребни се асистенти (2 извршители) кои би се вклучиле во поддршка на кампања за продажба на новогодишни честитки за работа на одделот за собирање средства и комуникации. Нудиме платен ангажман од 7 часа дневно во канцелариите на СОС Детско село во ноември и декември 2021 година.
Работни задачи и одговорности:
-Поддршка во кампања за продажба на новогодишни честитки на тимот одговорен за продажбата на новогодишни честитки
-Одговарање на клиенти за извршена нарачка на новогодишни честитки
-Пакување на нарачките за достава до купувачи на новогодишни честитки
-Водење на евиденција за продажба и достава
-Подготовка на пропратни документи по остварена нарачка на честитки и лампиони
– Комуникација со тимот и подготовка на извештаи
Критериуми за пријавување се:
-Најмалку ССС, а високо образование се смета за предност
-Способност за работа во тим
-Комуникативна и адаптибилна личност
-Претходно иксуство во административно работење се смета за предност
-Познавање на Microsoft office (Word, Excel)
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме јавете се на 075 266 699 или испратете кратка биографија на rahela.evtimova@sos.org.mk
Крајниот рок за пријавување е 20.10.2021
Назад кон сите новости