Тип на донација
Сума

или

23 август 2019

Оглас за готвач

СОС Детско село Скопје во склоп на единиците за организирано живеење со поддршка обезбедува грижа за млади на возраст од 14-18 години кои се насочуваат кон независност и самостоен живот. За потребите на единиците за организирано живеење огласува едно работно место на определено време:

Готвач

Опис на работата:

Готвачот е одговорен за подготовка на храна за деца без родители и родителска грижа на возраст помеѓу 14 и 18 години.

Главни работни задачи:

  • Готвачот подготвува неделно мени и подготвува по еден топол оброк дневно, пет дена во неделата;
  • Прави список и помага при набавка на прехранбени продукти;
  • Ги подучува младите на здрав начин на исхрана, култура на исхрана, чување на храната, гради вештини кај младите за набавка и приготвување на храна и одржување соодветна хигиена на просторот за исхрана;
  • Ги следи правилата за внатрешен (куќен) ред во куќата во која живеат младите со кои конкретно се опишува организацијата на заедничкиот живот (на пример, одржување на хигиена и организација на исхрана) и се договараат меѓусебните односи;
  • Ги следи и се придржува до стандардите и политиките на организацијата со особен акцент врз заштитата на децата.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование (завршено образование во областа на угостителството ќе се смета за предност);
  • Претходно работно искуство на слична позиција најмалку 2 години;
  • Одлично познавање на процесот на подготовка и чување на храна;
  • Одлични готвачки и организациски вештини;
  • Мотивираност за работа во средина со млади;

Работни услови:

  • Работа на определено време;
  • Работа со скратено работно време од 08.00-12.00 од понеделник до петок.

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до

08.09.2019 на e-mail: kariera@sos.org.mk