30 септември 2021
СОС Детско село Северна Македонија е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СОС Детско село започнува со реализација на проектот Право на семејство – Де-институционализација за реформирање на системот за заштита на деца во Северна Македонија финансиски поддржан од Министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ).
За реализација на активностите во рамки на овој проект се огласува слободна позиција за
1 работно место за период од 42 месеци:
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР (m/f)
Опис на работното место:
Проектниот менаџер е одговорен за раководење со проектот според условите дефинирани во договорот за грант и проектната апликација.
Проектниот менаџер ги спроведува проектните активности согласно начелата и принципите на важечките политики на СОС Детски села и тесно соработува со националниот менаџмент тим на локално ниво и со Регионалниот Менаџер.
Ги почитува сите важечки стандарди, водичи, политики и правилници на СОС Детски Села Интернационал и СОС Детско Село Северна Македонија, со особен осврт на политиката за заштита на деца.
Клучни области на работа и главни одговорности:
- Одговорен за целокупното менаџирање на проектот;
- Осигурува дека проектот се имплементира во согласност со проектната документација (т.е договор за грант, проектна апликација, проектен распоред, матрица на резултати и проектен буџет);
- Планира и развива алатки за имплементација, мониторирање и евалуација на проектот;
- Го води проектниот тим, го следи квалитетот на работата на проектниот тим и осигурува непречена комуникација помеѓу сите членови на проектниот тим;
- Осигурува средствата наменети за проектот да се користат во согласност со условите дефинирани во договорот за проект;
- Го координира процесот на проектни набавки и ангажман на консултанти согласно интерните политики;
- Подготвува периодични наративни извештаи, според проектните и интерните правила на организацијата;
- Ја претставува организацијата во релевантните локални мрежи, форуми, платформи, кампањи, работни групи и обезбедува градење на партнерства и мрежи;
- Ги следи и се придржува до стандардите и политиките на организацијата.
Потребни квалификации и дополни критериуми:
- Завршено високо образование (од областа на oпштествени науки, бизнис администрација, право, економија се земаат за предност)
- Најмалку 5 години иcкуство во водење на проекти (проектен менаџмент)
- Претходно искуство во граѓански организации
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлични компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
- Поседување на возачка дозвола “Б” категорија
- Способност за концептуално и процесно/аналитичко размислување
- Способност за проактивно водење и координирање на персоналот
- Способност за контрола на квалитетот на процесите
- Добри комуникациски и организациски вештини
- Подготовка на извештаи и финансиска писменост
Работни услови:
- Работа на определено време во траење од 42 месеци
- Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
- Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 10.10.2021 на е-маил: kariera@sos.org.mk. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.