Тип на донација
Сума

или

Политики и процедури за заштита на деца од злоупотреба на СОС Детско село

22 мај 2019

Одржана работна средба на тема ,, Политики и процедури за заштита на деца од злоупотреба на СОС Детско село”

На 13 мај 2019 година, во просториите на средното државно училиште ,,Шаип Јусуф” во Општина Шуто Оризари се одржа работна средба иницирана од Советодавниот центар за родители и деца – Шуто Оризари на тема ,,Политики и процедури за заштита на деца од злоупотреба на СОС Детско село”. Покрај претставниците на СОС Детско село Скопје, присутни беа и претставници од основните училишта на територија на Општина Шуто Оризари, претставници од градинката ,,8-ми Април”, дефектолози, социјални работници, психолози и останати претставници од релевантни институции.

Целта на средбата беше запознавање со Политиката за заштита на децата од злоупотреба, размена на искуства и идни планови за координација на заеднички активности на сите релевантни институции од Општина Шуто Оризари, вклучувајќи го и Советодавниот центар за родители и деца на СОС Детско село.

Работната средба ја отвори Г-а Јулијана Шумковска – Менаџер на СОС програма за социјална превенција, која зборуваше за целите на програмата во насока на зајакнување на капацитетите на семејствата во социјален ризик преку различни форми на поддршка.
Г-н Кристијан Нушков, координатор на Советодавен центар за родители и деца – Шуто Оризари, работата на Центарот кој што е дел од Програмата за зајакнување на семејства, ја претстави преку осврт на историјатот на работењето, карактеристиките на целната група, како и успесите и предизвиците во работата со корисниците на услуги. Во оваа пригода тој апелираше за координиран пристап и навремено реагирање во обезбедувањето заштита на лицата жртви на семејно насилство.

Според Г-а Рамиза Сакип, Советничка за образование во Општина Шуто Оризари, децата, но и голем број родители, како и други членови на заедницата имаат потреба од дополнителна информираност за своите права и за тоа каде и како да се јават во случај на насилство и злоупотреба на нивните права. Потребата од соработка помеѓу институциите кои директно работат со деца и Центарот за социјална работа, според неа е клучен во справувањето со прекршувањето на правата на децата.

Советникот за програмски развој на СОС Детско село, Г-а Филипина Негриевска, презентираше на тема ,,Политики и процедури за заштита на деца од злоупотреба во СОС Детско село” преку која го сподели искуството на СОС Детско село во реагирање и пријавување на ситуации на насилство врз децата. Таа ја истакна важноста и на спроведувањето активности за подигање на свеста и превенцијата од насилство врз децата.
Како заклучок од целата дискусија произлезе неопходноста од соработка помеѓу институциите кои директно работат со деца и Центарот за социјална работа како клучен фактор во справувањето со прекршувањето на правата на децата.

Досега Програмата за социјална превенција на СОС Детско село има поддржано повеќе од 281 семејство и 813 деца. Остануваме и понатаму активни партнери со локалната заедница, Центрите за социјална работа, Општина Шуто Оризари и сите други релевантни фактори зошто само на тој начин може да се обезбеди соодветна поддршка на семејствата во ризик.

obuka Политики и процедури за заштита на деца од злоупотреба на СОС Детско село

Политики и процедури за заштита на деца од злоупотреба на СОС Детско селоПолитики и процедури за заштита на деца од злоупотреба на СОС Детско село